Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид, заедно со нуркачи од македонските и балканските нуркачки клубови денеска, по четврт пат организира акција за отстранување на цврст отпад од дното на Охридското Езеро. Оваа година нуркачите најавуваат дека ќе чистат по дното на речиси на целото езеро, на локации на градското пристаниште, Љубаништа, Заливот на коските, кампот Градиште и Калишта.
„Во акцијата за подводно чистење на Охридското езерот ќе се отстранув пластика, метал и друг отпад од езерското дно. Целта ни е заштита на биодиверзитетот, подигнување на свеста и зачувување на природната убавина на eзерото“, велат од Амфора.
Од таму нагласуваат дека секоја година стотици килограми платика, метал, рибарски мрежи, јадици и опрема и отпад од чамци остануваат на дното на езерото и се опасност за живиот свет. Птиците и рибите се заглавуваат и гинат, водата се загадува, а влијае и на туризмот. Заради тоа, нуркачите апелираат да не се фрла отпад во езерото и повикуваат сите да се приклучат на акциите за чистење.