Доскорашниот шеф на вишото скопско обвинителство, Мустафа Хајрулахи и вишиот обвинител Јово Цветановски сториле тешки дисциплински повреди, утврдила дисциплинската комисија. -Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 ст.1 алинеја 1 и 6 од Законот за јавното обвинителство. Исто така, Комисијата едногласно донесе решение со кое се поведува дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје и еден јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје за сторена тешка дисциплинска повреда согласно член 91 алинеја 6 од Законот за јавното обвинителство.
Од Обвинителството додаваат дека републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски донел одлука од функцијата да го одалечи и обвинителот Цветановски.
-Бидејќи Вишиот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје е веќе оддалечен од функцијата поради кривична постапка која се води против него, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска донесе одлука за оддалечување од функцијата и на другиот јавен обвинител против кого е поведена дисциплинска постапка се додека трае постапката против него, велат од обвининителството.