„Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја презеде надлежноста на предметот по згаснувањето на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со одлука на Јавниот обвинител на РСМ по предметот продолжи да постапува јавниот обвинител Љубомир Лапе кој ќе ве запознае со текот на постапката“, велат од Обвинителството.
Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.Здравев беше претседавач на Советот на Општина Центар во мандатот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, од 2009-2013, кога Советот ги донесе сите измени на плановите за да се изведе „Скопје 2014“.
Сопственик е на ексклузивниот хотел Солун на улица Македонија, од пред повеке од 1 година отвори сопствен хотел и во Трст (Италија) ексклузивна вила во Маврово а се ширеа и непотврдени информации дека додека беше председавач со советот на општина Центар во времето кога Алрова беше градоначалник,наводно се стекнал со десетици станови во Скопје. Здравев е во роднински врски с екс премиерот Груевски и со екс шефот на УБК Сашо Мијалков.Долго време во владата на Груевски директоруваше со Мепсо. Кога падна Груевски од власт Здравев се повече од јавност и управува со неговата хотелска империја во Македонија и Италија.
Италија е државата во која за баснословни суми се лиеја бронзаните споменици за Скопје 2о14 а еден од тие кои оделе во италијанската леарница според обвинението на СЈО бил и Здравев кој во својство на председавач на општина Центар од касата потрошил 1 милион и 500 илјади евра наводно за патување и престој во Фиренца за да извршат надзор на бронзените скулптури кои се штанцале за Скопје 2014.Полицијата Здравев вчера го уапсила на граничниот премин Табановце на Македонско Српската граница.