Екипи на ЈП „Улици и патишта“ изминативе денови ја обновија хоризонталната сигнализација на дел од коловозната површина од улица „Козле“.
Како што информираат од претпријатието, обележани се пешачките премини и надолжни линии на оваа фрекфентна сообраќајница. Обележувањето е извршено по налог на Град Скопје, со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.