21.6 C
Скопје
15/05/2025 14:32
МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Образованието и превоспитувањето – втора шанса за малолетните деликвенти

      

 
5.342 деца под 14 години и младинци под 18 години со македонско државјанство се појавуваат во германската криминалистичка статистика во минатите пет години. Во овој текст пренесуваме каде се прави ресоцијализацијата на малолетните деликвенти во Германија, зошто формалното образование го нема во македонски поправен дом, како е тоа регулирано во Романија, и зошто деца и младинци се извезуваат како криминалци од Србија? Бројот на девојчињата македонски државјанки, во однос на момчињата, е скоро двојно помал во германската криминалистичка статистика во минате пет години. Малолетните македонски државјани се појавуваат во неа со кражби, напади и нелегален влез и престој во државата, но и со случаи на компјутерски криминал и поседување, производство и дистрибуција на порнографија, пишува Нота.

   

Ресоцијализацијата во Германија се прави како во малолетнички затвори, така и во притворски центри. Покрај во затвор, според одлука на суд малолетните деликвенти во Германија може да се испратат и во притворска установа, за да добијат впечаток што ги очекува, доколку продолжат со криминал. Како тука е регулирана ресоцијализацијата прашавме во притворската установа во Дизелдорф. „Има млади луѓе за кои е доста импресивно да се биде овде во малолетнички притвор овде. Можеби ова е првпат да бидат одвоени од семејството, а исто така и првпат да бидат затворени зад решетки. И само овде – во малолетничкиот притвор, сфаќаат до каде всушност ги довеле нивните постапки. И, се разбира, ова може да го има посакуваниот ефект и да ги натера младите да сфатат дека вака не сакаат да го поминуваат својот живот. Имено поминување многу месеци или можеби години зад решетки во вистински затвор. И овој ефект врз младите секако може да го има малолетничкиот притвор“, објаснува Морис Нинеман, наставник во Малолетничкиот притворски центар во Дизелдорф.

Во установата се наоѓаат и лица над 18-годишна возраст, кои делото го сториле како малолетници. Тие тука остануваат максимално четири недели и се наградуваат и казнуваат со влегување во црвена, жолта, зелена и сина фаза. Црвената значи исклучување од дневни активности. Младите смеат во придружба да излезат, да отидат на излет или пазаруваат продукти, за да готват во кујната. „Ако сте во жолта фаза, таа фаза е само за остатокот од денот. Следниот ден младиот повторно започнува во зелена фаза, со цел да им пренесеме на младите дека секој ден добиваат нова шанса да играат според правилата. Нам ни е важно младите да се држат до правилата и да научат да се држат до правилата“, објаснува Нинеман.

Притворот е всушност воспитна или педагошка мерка. Притворениците не смеат да го напуштат центарот за да одат во училиште и го продолжуваат своето образование во установата.Во Македонија, пак, се чека да се изгласаат измени во законот, што би требало да се случи до јануари 2025 година, за малолетните деликвенти во поправен дом конечно да добијат формално образование и училишни свидетелства – нешто што законодавецот го заборавил и не го регулирал. „За детето да биде успешно на полето на остручувањето, тоа прво мора да биде описменето за да, на пример, го изучува угостителството. За да го прочита менито, коeшто денеска треба да го подготви, или рецептот за подготвување на еден оброк, тој мора да знае да чита и пишува. Е, тука лежи проблемот. Но, се надевам, очекувам и навистина сум убедена дека конечно ќе се изнајде решение за овој повеќегодишен проблем со немањето на образовен процес во нашата установа“, вели м-р Наташа Ристовска, раководител на одделение за третман при Воспитно-поправен дом „Тетово“.

Воспитно-поправниот дом „Тетово“ постои 1962 година. До 2001 бил во градот Тетово, па по палењето на објектот во воениот конфликт, домот бил преселен во Прилеп, па во Шутка, во Велес, во затворот Охрид, и од 2020 година се наоѓа во селото Волковија. Со тоа селење од еден во друг објект и град имало проблеми, поради мешањето со возрасни осудени лица, при што доаѓало до конфликти и не можело да се работи на ресоцијализацијата. Условите влијаеле на регрес во превоспитниот процес. Сега малолетниците во поправниот дом во тетовското село Волковија имаат обуки за компјутер, за фризер, молер, столарство и стекнуваат сертификати за тие вештини, но не и свидетелства за завршено образование.

„Ама што учиме ние свидетелство не добиваме. Тоа е добро што учевме, ама не е добро што не ни даваат свидетелство. Јас имам до трето одделение завршено школо. Ме исфрлија два-три пати од класот. Додека учев овде тие години да ми дадеа свидетелство подобро ќе ми беше надвор. Можеби ќе полагав за возачка. Сега сѐ од ново треба да учам. Тоа свидетелство да го стекнам пак треба да учам“, објаснува Емил (вистинското име познато на редакцијата, н.з.), кој е во поправниот дом поради грабеж, силување и убиство на жена. Тој со уште еден малолетник делото го сторил на 14-годишна возраст. Во други држави се обрнува посебно внимание на завршувањето на формалното образование. Покрај во Германија, таков пример најдовме и во Романија. Го посетивме поправниот дом во романскиот град Крајова, во кој е организирано основно и средно образование во посебна зграда. Издржувачите на казната за делото сторено како малолетници смеат и да студираат на факултет.

Еден од издржувачите на казната е 21-годишниот Михаи Клуб, кој преку Интернет студира на Факултетот за економија и бизнис администрација во Крајова. Тој се нашол зад решетки поради убиство на таксист извршено на 15-годишна возраст.„Една вечер, бев со еден пријател, бевме под дејство на дроги и повикавме такси да нѐ однесе до градот. Дојде до расправија помеѓу мојот пријател и таксистот, настана тепачка, по што возачот почина. Кога ме уапсија, бев деветто одделение. Потоа тука завршив средно училиште, завршив матура и сега сум втора година на факултет. Учам преку учење на далечина“, објаснува Клуб. Годинава во поправниот дом во Крајова вкупно 101 основец, средношколец и студент ја почнал учебната година.

„Образовниот систем во центарот е дизајниран врз основа на реалните потреби на престојувачите во него. На пример, ако некој има завршено само две одделенија, јасно е дека треба да го продолжи своето образование. Има и млади луѓе на кои им е потребна програма за описменување за да научат да читаат и пишуваат. Така, ние ги идентификуваме овие потреби и интервенираме според приоритетите“, објаснува Татијана Мојчешану, портпаролка на казнено-поправниот дом во Крајова.28.350 деца и младинци со романско државјанство се појавуваат во германската криминалистичка статистика во минативе пет години. Бројот на малолетниците од Србија во истиот временски период изнесува 11.630. На југот на Србија постои селото Прќиловица, кое е познато по извозот на криминални деца во Европа. Во Ниш можевме да разговараме со пензионираниот полициски инспектор Братислав Тимотијевиќ, кој 20 години бил шеф на групата за сузбивање на малолетничка деликвенција. Тој тврди дека децата започнуваат со питачење, пред да направат покрупно дело и дека криминално поведение е дел од тамошната традиција.

„Секако ним фокусот им е на Сојузна Република Германија. Австија ним им е исто така многу битна, важна, блиска дестинација. Холандија и едноставно сите оние земји од Западна Европа. Тие одат таму кадешто можат да се инфилтрираат полесно, побрзо и на адекватен начин. Имавме ситуации каде секако Германците бараа од нас, како матична земја од која тие доаѓаат, да им помогнеме посебно кога се во прашање се родителите, а секако и постарите малолетници, кои веќе се евидентирани кај нас“, објаснува пензионираниот полициски инспектор Братислав Тимотијевиќ.Германските власти од српската полиција добивале податоци за овие криминални малолетници, кои престојувале во Германија под лажен идентитет и лажна адреса на живеење. „Знаете како, никој од нив тоа нема да Ви го потврди дека тие се село, кое е на лош глас, затоа што тие се генерално сите такви и така натаму. Многумина ќе речат дека тоа е само фама, дека тоа е направено поради неколку исклучоци и така натаму“, вели Тимотијевиќ. Но, при посетата на селото Прќиловица, во кое многу од жителите живеат без струја и приклучок на вода, пред камерата се случи потврда дека децата просат на улица.

„Да, има. Ги има многу. Ги има многу. Бедна сиромаштија проси. Мора да проси. Нема. Кога стомакот гладен нема – мора. Подобро да проси, отколку да краде. Срамота е да проси, не е убаво, ама ако родителот не е запослен да работи, што ќе прави детето? Што ќе прави детето? Еве, тој просеше. Го фатија… Го фатија на просење во Ниш. Оди во училиште и кога оди во училиште… Не, кога не оди во училиште го наоѓаат и велат… Не, не, сега кажувам како што е. Не лажам“, вели Драган Тодоровиќ, жител на Прќиловица.Финансиските проблеми, проблемите во семејството, малтретирањето, немање регулирана дневна рутина, лош избор на пријатели, доживеано насилство и несоодветна поддршка од институциите се некои од факторите кои доведуваат до тоа малетно лице да стане деликвент. Германски криминалисти оценуваат дека пет до седум проценти од малолетниците повторуват криминални дела. Од работата на институциите, во казнено-поправните домови, но и ангажманот на семејството зависи дали овие малолетници ќе се свртат повторно да бидат деликвенти.

Автори: Александар Методијев и Сузана Мицева
Соработници: Сања Петров и Маријан Чиријак
Овој текст, прекуграничното истражување и изработката на документарно-истражувачкиот филм „Малолетни деликвенти – меѓу детството и криминалот“ беа направени со поддршка на Journalismfund Europe.

   

Најново

Притвор за неготинчанец осомничен за криумчарење мигрантки од Кина

Sase Ivanovski

Јакимовски: Легализацијата за еден од објектите на „Илинденска“ како полномошник адвокат ја водел Панче Тошковски

Sase Ivanovski

Песков потврди дека Путин нема да присуствува на преговорите со Украина во Истанбул

Sase Ivanovski

Оставката на Таравари сè уште не е пристигната до Собранието, вели Гаши

Sase Ivanovski

Кошта пристигна во Скопје, го пречека министерот за европски прашања Муртезани

Sase Ivanovski

Бугарите се втори по Грција по најдолгата работна недела во ЕУ

Sase Ivanovski

Сведоштво: Преживеаните од „Пулс“ се лекуваат во импровизирани услови во кочанската болница, персоналот пред колапс

Sase Ivanovski

Третата транша од унгарскиот кредит за компаниите е исплатена

Sase Ivanovski

МВР со апел за матурските прослави: Без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

Sase Ivanovski

Повеќе од 30 илјади сообраќајки од 2020 до 2023 година во Македонија – 15.724 биле со потешки последици, а животот го загубиле 457 лица

Sase Ivanovski

Зеленски ја прифати играта на Путин, за да ја разоткрие неговата намера да продолжи војната?

Sase Ivanovski

Испраќањето делегација од пониско ниво од страна на Путин на преговорите во Турција е „шлаканица по лицето“

Sase Ivanovski

ЕК ќе ја поедноставува заедничката земјоделска политика

Sase Ivanovski

Почнаа првите археолошки истражувања на локалитетот Ќеразлк во струмичкото село Баница

Sase Ivanovski

Руската делегација на мировните преговори со Украина во Истанбул ќе ја предводи Владимир Медински, поранешен министер за култура на Русија и помошник на претседателот на Русија Владимир Путин

Sase Ivanovski

Иран би можел да се откаже од високо збогатениот ураниум заради договорот со САД

Sase Ivanovski

На 21 мај ќе се избира нов гувернер, ниту еден кандидат не е Албанец, реагира ДУИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад

Sase Ivanovski

Претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта, во посета на Скопје

Sase Ivanovski

Започнаа преговорите меѓу Украина и Русија во Истанбул, но без Путин и Трамп

Sase Ivanovski

Делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел без струја

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

Уругваецот Хозе Мухика: Најскромниот претседател во светот

Sase Ivanovski

Mајка на повреден вo Кочани: Повредата е толку чувствителна што од минута во минута создава нови проблеми

Sase Ivanovski

Украина се подготвува да мобилизира студенти, почнуваат протерувања на студенти над 25 години, инспекции на над 100 високообразовни институции“

Sase Ivanovski

Атанасоски: Без разлика кој е на власт, кај нас никогаш не се прифаќа предлог-закон од опозиција

Sase Ivanovski

Младите бегаат од земјоделството и од државата, вели Ѓорѓиевски од здружението „Македонско прасе“

Sase Ivanovski

Најнормално е да имам прекрасни односи со српското државно раководство, вели Стоилковиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Sase Ivanovski

Заменик-министерот Димитровски учествуваше на Министерскиот состанок на Обединетите нации за мировни операции

Sase Ivanovski

Грчки, македонски, кипарски и српски уметници заедно изложуваат во Атина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Ана Брнабиќ зборува англиски, коментарите не ја поштедија

Sase Ivanovski

Околу 1.000 работници на „Старбакс“ во САД стапија во штрајк поради промена на кодексот за облекување

Sase Ivanovski

Бебе пронајдено во кеса за ѓубре во Атина, бабата тврди дека ѝ го грабнал непознат човек во маркет

Sase Ivanovski

Хрватска општина им доделува 500 „паметни“ часовници на пензионерите

Sase Ivanovski

Викендов се отвора Фестивалот на монодрамата во Битола

Sase Ivanovski

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

Sase Ivanovski

„Катар ервејс“ купува 160 авиони од „Боинг“ за 200 милијарди долари

Sase Ivanovski

Крешник Бектеши да оди во куќен притвор бара Обвинителството за пожарот во дискотеката Пулс

Sase Ivanovski

Судијка од Велес времено делегирана во Судот во Кочани поради зголемениот обем на работа

Sase Ivanovski

Филипче: Вистински сум разочаран од одлуката на ВМРО ДПМНЕ да не го гласаат законот за помош на настраданите од Кочани

Sase Ivanovski

Протест по пресудата за прегазувањето на Фросина Кулакова: Семејството се сомнева во правен инженеринг

Sase Ivanovski

Не е доволно!“: Семејството на Фросина Кулакова незадоволно од пресудата на Јованов

Sase Ivanovski

Лишени од слобода криминалци барани со потерници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Семејството на Фросина и група граѓани на протест за 12-годишната казна на Јованов

Sase Ivanovski

УКРАИНА ЌЕ ГИ МОБИЛИЗИРА СТУДЕНТИТЕ Сите над 25 години ќе бидат избркани, инспекции на над 100 високообразовни институции

Sase Ivanovski

ГЕРМАНСКАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ НАЈМОЌНА ВО ЕВРОПА Мерц побара од Европа и САД да го отфрлат секој мировен план диктиран од Русија

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ ГО ПОТПИША ЕКОНОМСКИОТ ДОГОВОР СО САД Чудна тишина во Москва

Sase Ivanovski

БРОДОВИ, ХЕМИКАЛИИ, КОМПАНИИ Европа ги усогласи новите санкции за Русија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 10 СОБИ, ПРИВАТНА КАПЕЛА, БАЗЕН И ТЕНИСКО ИГРАЛИШТЕ Ова е резиденцијата на Папата, само погледнете како изгледа

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ЈА СВРТЕ ПЛОЧАТА КОГА МУ ПРОПАДНА ПЛАНОТ ЗА ПАРКИРАЊЕТО ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР Ристески е уверен дека нема да го следат сите функционери од Алијанса

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ОСТАНУВА КАЈ ВРЕДИ Не се водат разговори за размена на ресори

Sase Ivanovski

ПРОТЕСТ ПРЕД „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“ Родители не ги пуштаат децата на училиште поради насилен соученик

Sase Ivanovski

Гутереш: Ако не ја одбраниме Украина ќе следи хаос низ целиот свет

Sase Ivanovski

„Време е на младите“ – Шкодран Алили побара поддршка од ДУИ и Вреди за Кичево

Sase Ivanovski

Нови пријави до ДКСК: Сомнежи за незаконско унапредување во АНБ на братот на министерот и магистрирањето на Јанев

Sase Ivanovski

Костадинов: Советниците на ДПМНЕ гласаа против меморандумот за меѓуопштинска соработка меѓу Струмица и Кочани

Sase Ivanovski

Мицкоски: Ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

Аџибадем Систина“: Нашата драга Гордана Илиевска заминува во заслужена пензија

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски остваривме средба со Дама Карен Пирс

Sase Ivanovski

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан во прва посета на Македонија

Sase Ivanovski

САД и Саудиска Арабија потпишаа договор за оружје вреден 142 милијарди долари пред средбата на Трамп со сирискиот лидер

Sase Ivanovski

Велика Британија воведе санкции за државен танкер на Азербејџан поради транспорт на руска нафта

Sase Ivanovski

Зеленски: Трамп мора да разбере дека Путин е вистинската пречка за мировен договор

Sase Ivanovski

Претседатлот на Судскиот совет да се разрешува јавно, предвидува новиот предлог-закон

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Травари е уценет од ДУИ и СДСМ

Sase Ivanovski

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола

Sase Ivanovski

Изложба на Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ денес во Музеј на Град Скопје

Sase Ivanovski

Таравари: Оставка од министер поднесувам утре

Sase Ivanovski

Една третина од децата во Македонија живеат под националниот праг на сиромаштија

Sase Ivanovski

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски најави инвестиции во висина од околу 2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска гостуваше во емисијата „За или против“ на телевизија „Алфа“.

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје, лишено од слобода едно лице

Sase Ivanovski

Филипче за одбиениот закон за Кочани: Ова не беше момент за политички инает, туку за одговорност и зрелост

Sase Ivanovski

Регионалната конференција „Empowered“ во Скопје ги обедини актерите од Западен Балкан за поголема инклузија на лицата со попреченост

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија и гаранции за македонската евроинтеграција

Sase Ivanovski

ДИМИТРИЕВСКИ ОД ШТИП: ДОСТА БЕШЕ МОЛК – ФИЛИПЧЕ, ШТО ИЗНEСЕ, ЧИЕ БОГАТСТВО ГО ОДНЕСЕ?!

Sase Ivanovski

Кузеска: Излегувањето на Таравари потврди дека владата не функционира

Sase Ivanovski

Арбен Таравари: Алијансата за Албанците будно ги следеше „тврдењата“ на ВМРО за нашата партија и нејзиниот претседател

Sase Ivanovski
Вчитувам....