На чело на групата на оние кои би сакале да ја напуштат земјата во која дошле со големи амбиции се оние кои на Германија и се најпотреби: експерти од областа на ИТ, финансиите и осигурувањето, објави Радио Дојчландфунк. Не им е тешко да најдат нова работа во други земји, а најсигурни се патиштата што водат кон Швајцарија, САД и Шпанија.
Некои проценки покажуваат дека дури 300.000 професионалци имаат конкретни планови за заминување. Незадоволството од политичката ситуација, личните причини, даночните оптоварувања и бирократијата најчесто беа наведувани како главни причини за разделба од поранешната социјална држава. Дискриминацијата се споменува и како мотив за пакување куфери.Сепак, 57 проценти од имигрантите имаат намера да останат и да работат понатаму во Германија. Станува збор за околу 5,7 милиони луѓе.