На Конкурсот “Јас Итар Пејо” и Фестивалот на сатирата “Сатир” 2025 пристигнаа голем број литературни и ликовни творби од земјава и странство. Селекторот проф.д-р Христо Петрески ги избра најдобрите и ги прогласи следниве награди:
НАГРАДА “САТИР”, Награда “Сатир” за книгата “Часовничарот” од Трајче Кацаров, автор од Штип
НАГРАДИ “ЈАС ИТАР ПЕЈО”, Награда за карикатура: Блаже Докуле, автор од Битола; Тошо Пеев, автор од Бугарија и Кети Радевска, авторка од Буково, Награда за сатиричен расказ: Ванѓа Радевска, авторка од Скопје, Награда за сатирична песна: Чедомир Б. Шопкиќ од Скопје, Награда за сатиричен драмски текст: “Верка Шнајдерка” од Огнен Неделковски, автор од Скопје, Награда за афоризми: Пламен Георгиев, автор од Бугарија