Главниот лик Сес, сака да завладее со уметноста на тетовирањето, да создава преубави слики на кожата. Меѓутоа, уште е премлада за тоа, а има и поважни грижи во животот. Секако најголема грижа е како да се дочека полнолетството, а да не се распадне поради страшната тајна што не може да ја сподели со никој. Тајната што го разурнува нејзиното семејство, толку страшна тајна што и нејзините најблиски се преправаат дека ништо не се случило.
Авторката Диадре Саливен е писателка за деца и поетеса.Таа е родена во Галвеј, Ирска и сега живее во Даблин. Таа има напишано повеќе книги од кои неколку биле номинирани за награди и ја освоила престижната награда „Книга на годината“ на ЦБИ. Објавувањето на ова дело е подржано од Министерството за култура и ЕУ, во рамките на проектот „За нивната иднина“ со кој „Бата прес“, во минатата и во оваа година под програмата „Креативна Европа“ објавува петнаесет книги за деца и млади од петнаесет познати европски автори.