„За време на вежбата ќе бидат спроведени активности со цел вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, стои во соопштението на министерството.
Министерството изјави дека вежбата била наредба на рускиот претседател Владимир Путин.Според министерство, целта на вежбата е да се зголеми способноста на руската на војска да го обезбеди „територијалниот интегритет и суверенитет на руската држава како одговор на провокативните изјави и закани на одредени западни функционери против Руската Федерација“.
Иако во соопштението не се прецизира кои се тие изјави и закани од западни лидери, најверојатно станува збор за изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон, кој неколкупати има изјавено дека е подготвен да прати француски војници да се борат во Украина – став од кој се оградија неколку европски лидери.(Мета)