На 4 мај 2025 година (недела), во Кристалната сала во Собранието, во 12:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Гоце Делчев“ ќе ја додели наградата „Гоце Делчев“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес за Република Северна Македонија во областа на науката.
Државната награда „Гоце Делчев“ за 2025 година се доделува на научното дело „Македонски дијалектен атлас“ (од ризницата на картотетката-лексички материјали“ на група автори: проф. д-р Веселинка Лаброска, акад. проф. д-р Марјан Марковиќ, проф. д-р Коста Пеев, проф. д-р Васил Дрвошанов, проф. д-р Елена Стоевска-Денчова, проф. д-р Светлана Давкова-Ѓоргиева, проф. д-р Гоце Цветановски, д-р Ангелина Панчевска, м-р Соња Миленковска, д-р Давор Јанкуловски, д-р Македонска Додевска, д-р Дарко Томовски, м-р Ѓорѓе Геновиќ, проф. д-р Аритон Поповски, проф. д-р Маријана Киш и проф. д-р Убавка Гајдова.