20.8 C
Скопје
07/06/2025 22:02
МАКТЕЛ

   

Одлуката на ЕУ за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, стапи во сила

      

Одлуката на ЕУ за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, стапи во сила, откако денеска официјално е објавена во Службениот весник на Европската Унија.

Одлуката што Советот за општи работи (ГАК) на Унијата едногласно ја одобри на минатиот понеделник, е потпишана од претседателката на Европскиот прламент, Роберта Мецола и од шпанскиот државен секретар за Европската Унија, Паскуал Наваро Риос, во името на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

   

Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ ја одобри Одлуката на своето заседание во Брисле минатиот понеделник со 27 гласа „за“ и ниту еден „против“ или „воздржан“. Одлуката, што беше усвоена од страна на Европската комисија на 6 февруари годинава, претходно беше одобрена и од Европскиот парламент на 13 јуни, а на 5 јули и од Комитетот на постојаните претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (КОРЕПЕР).

Во Одлуката се посочува дека економијата на земјава, која ги започна пристапните преговори со Унијата на 19 јули 2022 година, беше значително погодена од рецесија во 2020 година како последица на ковид пандемијата, како и од енергетската криза предизвикана од руската агресија врз Украина, што придонесе за зголемување на фискалните потреби.

– Владата на Северна Македонија покажа силна посветеност за спроведување на понатамошни реформи, фокусирајќи се на клучните области на политиките идентификувани во Заедничките заклучоци од економскиот и финансискиот дијалог меѓу ЕУ и земјите од Западниот Балкан и Турција од 24 мај 2022 година, вклучувајќи ги реформите во судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, доброто владеење и владеењето на правото, се наведува во документот.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Еврокомисијата посочува дека земјава успешно ја операционализираше макрофинансиска помош насочена за надминување на последиците од ковид пандемијата, спроведувајќи ги „сите реформски активности договорени со Унијата во Меморандумот за разбирање“.

Дополнително, се наведува во Одлуката, лани во април земјата постигна договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за 24-месечна програма за ликвидност до 530 милиони евра, што беше официјално одобрена од Извршниот одбор од ММФ на 22 ноември 2022 година, за ублажување на последиците од надворешните влијанија, за поддршка на фискалната консолидација и забрзување на структурните реформи во повеќе области, вклучително и во даночната политика и јавните инвестиции.

– Со оглед на влошената економска ситуација и изгледите, Северна Македонија првпат побара макрофинансиска помош од Унијата за дополнување на програмата на ММФ во април 2022 година. Сепак, Комисијата го стави тоа барање во мирување, бидејќи економијата на земјата во тоа време се уште се покажуваше доста отпорна и имаше некои други опции за финансирање. Владата на Северна Македонија го обнови своето барање за макрофинансиска помош во октомври 2022 година, се додава во Одлуката.

Имајќи предвид дека земјава е кандидат за членство и ги започна пристапните преговори, ЕК смета дека таа има право да добие макрофинансиска помош од Унијата како „исклучителен финансиски инструмент за поддршка на платниот биланс, кој има за цел да одговори на непосредните потреби за надворешно финансирање“ и за спроведувањето на мерките за итно прилагодување и структурни реформи за подобрување позицијата на платниот биланс на краток рок.

– Во сегашните исклучителни околности макрофинансиската помош на Унијата за Северна Македонија ќе биде соодветен одговор на барањето на земјата за поддршка за стабилизирање на нејзината економија. Макрофинансиската помош на Унијата ќе ја поддржи економската стабилизација и агендата за структурни реформи на Северна Македонија, дополнувајќи ги ресурсите ставени на располагање според финансискиот аранжман на ММФ. Макрофинансиската помош на Унијата треба да има за цел да го поддржи обновувањето на одржливата ситуација со надворешното финансирање на Северна Македонија, а со тоа и да го поддржи нејзиниот економски и социјален развој, заклучува Комисијата.

Во документот натаму се посочува дека утврдувањето на износот на макрофинансиската помош на Унијата за земјава треба да се заснова на квантитативна проценка на преостанатите потреби за надворешно финансирање и да го земе предвид капацитетот на земјата да се финансира со сопствени ресурси, особено со девизните резерви со кои располага.

– При определувањето на износот на помошта треба да се земат предвид и очекуваните финансиски придонеси од мултилатералните донатори и потребата да се обезбеди правична поделба на товарот помеѓу Унијата и другите донатори, како и претходното распоредување на другите надворешни финансиски инструменти на ЕУ и додадената вредност на целокупното вклучување на Унијата во Северна Македонија, се додава во документот.

Според ЕК, оваа макрофинансиска помош треба да ја поддржи надворешната политика на Унијата кон Северна Македонија и посветеноста на земјата на заедничките вредности со ЕУ, вклучително почитување на демократијата, владеењето на правото, доброто владеење, почитувањето на човековите права, одржливиот развој и намалувањето на сиромаштијата, како и посветеност на принципите на отворена и заснована на правила и фер трговија.

– Предуслов за доделување на макрофинансиската помош на Унијата треба да биде Северна Македонија да ги почитува ефективните демократски механизми, вклучително и повеќепартиски парламентарен систем и владеење на правото и да гарантира почитување на човековите права. Дополнително, специфичните цели на макрофинансиската помош на Унијата треба да ја зајакнат ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на системите за управување со јавните финансии, како и на управувањето и надзорот на финансискиот сектор и треба да промовираат структурни реформи кои имаат за цел да поддржат одржлив и инклузивен раст, создавање работни места и фискална консолидација. Комисијата треба редовно да го следи исполнувањето на тие предуслови од страна на Северна Македонија и постигнувањето на тие цели, се потенцира во Одлуката.

 

Комисијата посочува дека со цел да се осигура дека финансиските интереси на Унијата поврзани со нејзината макрофинансиска помош се ефикасно заштитени, Северна Македонија треба да преземе соодветни мерки во врска со спречување и борба против измамите, корупцијата и какви било други неправилности поврзани со таа помош.

– Дополнително, треба да се предвиди Комисијата да врши проверки, Судот на ревизори да врши ревизии и Европското јавно обвинителство да ги врши своите надлежности во однос на обезбедувањето на макрофинансиската помош на Унијата за Северна Македонија, се додава Одлуката.По две години разочарувања, Северна Македонија во 2020 очекува да го добие долго ветуваниот датум за преговори со Европската Унија, иако ни оваа година не е целосно исклучено повторно да се о

Со ваквата одлука како што наведе Европската комисија, таа застанува покрај Северна Македонија во овие предизвикувачки времиња, бидејќи по руската агресивна војна против Украина, надворешниот биланс на земјата се влоши поради нејзината голема зависност од увоз на гориво и електрична енергија.Според ЕК, помошта ќе придонесе за покривање на финансиските потреби на Северна Македонија во 2023 и 2024 година, поддржувајќи ја и фискалната одржливост и структурните реформи.

Предвидено е помошта да биде исплатена во форма на заеми во две транши, но нивната исплата ќе зависи од реформите на политиките во областите на фискалното управување, даночната политика, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватните партнерства, деловното опкружување, транспарентноста во државната помош, енергетската ефикасност, реформите во судството и борбата против корупцијата, како и од спроведувањето на програмата на ММФ.

– Овие реформи ќе ја поддржат Северна Македонија на нејзиниот пат кон членство во ЕУ, се додава во Одлуката.Макрофинансиската помош е дел од поширокиот ангажман на ЕУ за поддршка на земјите кандидати за членство и партнерите од соседството, предвидена како исклучителен инструмент за одговор на кризи при сериозни проблеми со платниот биланс.

   

Најново

Украински пратеник обвинува: Зеленски ги зема парите на загинатите војници

Sase Ivanovski

Бројот на загинатите во нападот во Харков се искачи на четири, 60 се повредени, меѓу кои и едно бебе

Sase Ivanovski

Трамп му се закани на Маск за прв пат од почетокот на спорот: Ќе се соочи со „сериозни последици“

Sase Ivanovski

Германија планира да ги прошири своите бункери и засолништа поради страв од конфликт со Русија

Sase Ivanovski

Најмалку 60 загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа

Sase Ivanovski

Локализиран пожар во село Пелинце – изгоре една куќа, избегната поголема катастрофа

Sase Ivanovski

Франција: Четири лица загинаа во пожар во Ремс, предизвикан од електричен тротинет

Sase Ivanovski

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК го искина писмото од претседателката Силјановска Давкова: Ова за мене не важи, вие не сте способни!

Sase Ivanovski

Поранешната на Илон Маск го повика Трамп: Еј Доналд, јави се ако ти треба совет за раскинување

Sase Ivanovski

Вклучување на Машинскиот факултет – Скопје во European ManufacturingSurvey: Пат кон регионална релевантност и видливост

Sase Ivanovski

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈАНСКАТА ПРИНЦЕЗА ЕДВАЈ ЈА ПРИЖИВЕА НЕСРЕЌАТА СО МОТОР Марија Каролија се огласи од болничкиот кревет

Sase Ivanovski

ЕУ ги менува правилата: Драстично ќе се намали надоместокот за доцнење на летовите?

Sase Ivanovski

СВР Скопје поднесе пријава за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на бул.„Словенија“

Sase Ivanovski

Минималните плати во Европа низ призмата на трошоците за живот

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев оствари повеќе билатерални средби на вториот ден од конференцијата на Интерпол која се одржува во Атина, Грција

Sase Ivanovski

Захарова: На Украина не и требаат граѓани, ниту живи, ниту мртви

Sase Ivanovski

Кремљ: Путин ќе му помогне на Трамп со Иран

Sase Ivanovski

Ристески: Многу нови мерки и повеќе средства во Оперативниот план за вработувања за 2025 година

Sase Ivanovski

180 сообраќајни прекршоци вчера во Скопје, 15 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

ЕНЕС ИБРАХИМ: Не можам да го разберам амбасадорот Улусој, кој заедно со министерот со српско етничко потекло Стоилковиќ, кој има радикални политички ставови, ги посетува селата во источна Македонија, каде што живеат Турци

Sase Ivanovski

МУ ВЕЛАТ „АУФИДЕРЗЕН“ НА ФОЛКСВАГЕН СО 400.000 ЕВРА ОТПРЕМНИНА Автомобилскиот гигант штеди спогодувајќи се со 20.000 вработени

Sase Ivanovski

БИЛ АГРЕСИВЕН КОН ПОЛИЦАЈЦИ Скопјанец е приведен во Кавадарци

Sase Ivanovski

Работодавачите бараат пензионерите да работат повеќе од 180 дена годишно

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Владата со конкретни мерки и политики кои доведоа до раст на БДП, скоро 11 милијарди денари од Буџетот вбризгани во македонската економија

Sase Ivanovski

ГЕРМАНСКИ ГРАД БАРА НОВИ ЖИТЕЛИ: Нуди 14 дена бесплатен престој, сместување и можности за работа

Sase Ivanovski

„Волстрит журнал“: Иран набавил илјадници тони компоненти за балистички ракети од Кина

Sase Ivanovski

Извозот на Украина во ЕУ повеќе не е без царина

Sase Ivanovski

Високи безбедносни мерки за фудбалскиот натпревар Албанија – Србија во Тирана

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Се вжештува атмосферата во Тирана пред натпреварот Албанија – Србија

Sase Ivanovski

Орбан: Брисел ја води Европа кон конфликт, Украина ја претставува како штит на континентот

Sase Ivanovski

Николовски: Парите од британскиот кредит да се искористат за проекти што ќе враќаат пари

Sase Ivanovski

За две недели регистрирани 71 случај на лептоспироза во Кантонот Сараево

Sase Ivanovski

Во пакет на DHL пронајден бел прав – 12 лица побараа медицинска помош во Германија

Sase Ivanovski

НОВ НЕУСПЕХ ЗА ЈАПОНИЈА Леталото се урна при слетувањето на Месечината

Sase Ivanovski

Патраклиски: За Мерцедес правиме 300.000 работни маички

Sase Ivanovski

Патраклиски од ЕАМ: Бизнисот го започнавме со 7.000 марки во станот на баба ми

Sase Ivanovski

МАСК ЗА ТРАМП: Без мене немаше да ги добие изборите, каква неблагодарност

Sase Ivanovski

Николоски: Допрва ќе ги добиеме условите за задолжувањето со британскиот заем

Sase Ivanovski

Недељковиќ: Модернизирањето на пругата ќе ја зголеми значително економската соработка и туризмот со Србија

Sase Ivanovski

Трамп загуби 1,1 милијарда долари од јавното препукување со Маск

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патраклиски во „Бизнис муабети“: Како ЕАМ наиде на соработка со Илон Маск?

Sase Ivanovski

Прес – конференција на Крстевски за вториот Јавен повикза финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија на територија на Општина Куманово за 2025 година

Sase Ivanovski

Израелската војска верува дека го пронашла телото на лидерот на Хамас Мохамед Синвар

Sase Ivanovski

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Sase Ivanovski

СО ЛИЧНА КАРТА НА ШТИПЈАНКА ЗЕМАЛ БРЗИ КРЕДИТИ Се запознале на Фејсбук, ѝ ветил работа во странска фирма

Sase Ivanovski

Петрушевски: Аудито Q8 на Филипче, купено од фирмата која продавала јаглен на ЕСМ три пати поскапо, народот плаќа за Венко да се луксузира

Sase Ivanovski

Зошто Халкидики има се почесто земјотреси?

Sase Ivanovski

Славевски: Не можам да се пофалам дека уживав во функцијата претседавач на Совет на Град Скопје

Sase Ivanovski

ПРОДАЖБАТА НА ТЕМУ НАГЛО ПАДНА: Веќе не е евтино, ниту толку едноставно

Sase Ivanovski

14.372 ЛИЦА СЕ ПОВРЕДИЛЕ ПРИ ЖРТВУВАЊЕ ЖИВОТНИ Курбан Бајрам бил крвав во Турција

Sase Ivanovski

Анкета: Се зголемува поддршката за демохристијаните, се намалува за Алтернатива за Германија

Sase Ivanovski

„Егзит“ остана без финансирање како казна за поддршка на студентските протести

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ЈА НАДИГРА БЕЛГИЈА, АМА ИСПУШТИ 3 БОДА Алиоски постигна гол за паметење!

Sase Ivanovski

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија

Sase Ivanovski

“Мајка ми е мртва за мене” или Зошто жените ги прекинуваат врските со токсичните родители?

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп ja пренасочува опремата против дронови наменета за Украина кон Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Бранимир Јовановиќ за „Слободен печат“: Фалбите за економски раст се празни флоскули и чист пи-ар

Sase Ivanovski

Митови и факти ЕП 16 | Ѓорчев: Колективниот Запад не постои, светот е мултиполарен

Sase Ivanovski

Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме

Sase Ivanovski

Трамп нареди истрага за активностите на Џо Бајден

Sase Ivanovski

ЗОШТО НЕ Е ДОБРО ДЕЦАТА ДА ИМААТ СВОИ ПАРИ? Не смеат да прават што сакаат и да трошат без да прашаат

Sase Ivanovski

МОМЧЕ ОД НЕГОТИНО БИЛО ПРЕТЕПАНО ОД ТРОЈЦА НАСИЛНИЦИ Побегнало кај родителите, удриле и по нив

Sase Ivanovski

Хамас тврди дека израелската армија го опколила делот од Газа каде што држи израелски заложник

Sase Ivanovski

АНГЕЛА И АНДРЕЈ СЕ ВРАТИЈА ДОМА Од болницата во Белград отпуштени се последните пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

САД го назначија Алексус Гринкевич за нов врховен командант на НАТО за Европа

Sase Ivanovski

Парите од УСАИД, САД ќе ги даваат на фондација за помош на Газа

Sase Ivanovski

Министрите на НАТО ја договорија најголемата програма за оружје од Студената војна

Sase Ivanovski

ДЕН ЗА СПОМНУВАЊЕ НА МРТВИТЕ Македонски народни обичаи и верувања за Духовден

Sase Ivanovski

Со 250 милиони долари, Стејт департментот ќе го финансира доброволното враќање на мигрантите

Sase Ivanovski

СРЦЕТО РЕАГИРА БУРНО НА ЖЕШТИНАТА Еве како да се заштитите и да спречите срцев или мозочен удар

Sase Ivanovski

ЗА ОНИЕ НА КОИ ХРАНАТА ИМ Е УТЕХА Еве како да препознаете емоционално прејадување

Sase Ivanovski

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ СВЕТА ГОРА Се стресе Халкидики, туристите се во паника

Sase Ivanovski

КОЛКУ ПАТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ СЕКС ЗА ДА НЕ БИДЕТЕ ДЕПРЕСИВНИ? Науката го откри магичниот број

Sase Ivanovski

АПСАЈД ДАУН Биполарно растројство: 10 симптоми и како да ги препознаете?

Sase Ivanovski

Косово: И 28. обид за конституирање на парламентот заврши без успех

Sase Ivanovski

Русија ја обвинува Украина за одложување на договорената размена на затвореници

Sase Ivanovski

Ивановска: Сега е шанса да се расчисти со дивоградбите во Чаир

Sase Ivanovski

Тошковски за ИБНА: Ова што се случува со европскиот процес е повеќе од застој, тоа е неправда

Sase Ivanovski

ИЈЗ со препораки за заштита од високите температури

Sase Ivanovski
Вчитувам....