Кривичниот суд го одобри обвинението за случајот поврзан со Онкологија, односно едниот обвинителен акт што го поднесе скопското Обвинителство за несовесно лекување, третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози.
– Советот за оцена на обвинител акт, постапувајќи по обвинението со К – ООА 128/25 за случајот, во јавноста познат, како „Онкологија“, поднесен 22.05.2025 година, донесе решение со кое приговорот на одбраната се одбива, а актот се одобрува – соопшти Кривичниот суд.
Одобрениот обвинителен акт, како што соопштуваат од Кривичниот суд, согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, а што ќе биде насрочен термин за главна расправа, истиот ќе биде достапен на календарот за судења на веб-страницата на судот.
Обвинителството поднесе две обвиненија за случајот „Онкологија“.
Првото обвинение, кое се однесува на економското работење на Клиниката опфаќа две лица. Првиот обвинет, во својство на службено лице – медицински директор и вториот обвинет, во својство на организациски директор на Клиниката се обвинети за продолжени кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама во службата и Проневера во службата. Второто обвинение се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози.