Нашиот град никогаш нема да биде како порано. Овие невини млади животи што згаснаа прерано, ни даваат патоказ како треба да живееме и правилно да ја градиме нашата иднина. Нивните лица, дела и енергија да ги запаметиме и секогаш да останат врежани во нашите мисли! Ова е порака која беше испишани за петтемина штипјани кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Филип Стевановски, Александар Лонгуров, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски се петтемина штипјани кои загинаа, а денеска во организација на Општина Штип се одржа и комеморативна седница во големата сала на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Комеморативната седница се одржа во присуство на родители, сопруги, роднини, пријатели, другари и другарки.
Како чин на споделување и сочувствува со тагата, заедно со семејствата на починатите присутни беа и министерот за култура, Зоран Љутков, градоначалникот на Општина Штип – Иван Јорданов, заедно со претставниците на локалната самоуправа. Министерот Љутков изрази длабоко сочувство за петтемина загинати штипјани, истакнувајќи дека целата држава е длабоко потресено од болка, а загубата е голема, која што го потресе општеството до неговите темели. Градоначалникот Јорданов искажа големо и длабоко сочувство и рече дека имињата на петтмината загинати штипјани долго ќе одекнуваат во мислите на секого.