Граѓанската иницијатива Охрид SOS, објави катастрофално лоша фотографија на официјалниот фејсбук профил, на која се гледа ужасното загадување на Охридското езеро од притоката Сатеска.„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА!
Овој пат буквално, две снимки од авион, кои го илустрираат загадувањето на Охридското Езеро од реката Сатеска. Оваа перспектива дава појасна слика на проблемот кој трае со децении, од пренасочувањето на речниот ток во езерото. Најголем дел од притоките, за жал, се загадени, и сите тие наноси завршуваат директно во езерото. Институциите, по навика, не реагираат, за нив ова не е пробле“, напишаа тие на фејсбук.