Од британските пари што ќе ги позајми Македонија во стратешкото партнерство, ќе се изгради Клиничката болница Штип која веќе се гради со години, ама ќе има и нов Медицински факултет во овој град. Најавено е и реновирање на Клиничката болница во Тетово, а и нов здравствен дом со општа болница во Кичево. Кичевската болница пак, се гради речиси 40 рекордни години неуспешно. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски рече дека покрај здравствените проекти ќе се реализира и брза пруга. По трагедијата во Кочани тој посочи дека неговото министерство одзело 489 лиценци од градежништвото, ама бидејќи фирмите почнале да тужат во управниот суд за одземањето – се смениле 9 закони и сега одземањето лиценца е правосилно веднаш. Во мојот ресор одзедов 489 лиценци. Очекував да се случи баш тоа што се случи, а тоа е дека носителите на тие лиценци ќе се обидуваат да го изигруваат системот преку судски процеси. Заради тоа сменивме 9 закони и сега веќе одземањето на лиценцата е правосилно со самото одземање. Секако постои право на жалба, но тоа не го одлага извршувањето. Секако работите не можат да се сменат преку ноќ, но некои почетни контури се гледаат, вели Николоски. Тој зборуваше и за нов проект во Мариово.
– Проектот се наоѓа во Мариово и би значело сериозен воден потенцијал за наводување и за Мариово и за Тиквешкто поле што сериозно треба да го подобри земјоделието, но исто така проектот е добар од причина што околу себе може да развие други обновливи извори на енергија, мислам на солар и ветер и да се отворат производствени капацитети за тоа и секако да се развива и туризмот. Така што кога ќе видите Мариово сега е едно пусто место за разлика на времето кога било наслено и многу богато, така да може да се врати на старите патеки, рече вицепремиерот Николоски. Тој најави и новитет во однос на авиосообраќајот каде во изминатата година се отворени 11 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, а следува и реконструкција на охридскиот аеродром.
-Во текот на летото ќе излеземе со вест која што ќе е бум за сите кои што сакаат да патуваат и за туристите кои што сакаат да доаѓаат во Македонија, со што ќе имаме едно сериозно подобрување на поврзаноста на Македонија, додаде Николоски.