МАКТЕЛ

     

Од Годишната конференција: Вложивме во стандардот на граѓаните, економијата, европерспективите во 2022 година, отворени се нови можности за 2023 година

      

На годишната конференција „Година на нови можности“, што се одржува во хотелот Александар Палас во Скопје, по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, обраќање имаше и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, а се одржаа и четири панели, на коишто министрите одговараа на прашања за резултатите во едногодишниот мандат и отворените перспективи.
„Во клучните моменти, кога целиот регион се користи како полигон за влијание, ние како прогресивно мнозинство ги предизвикуваме сите за Европска алијанса. Овој е единствениот пат за проекти, автопати, железници, депонии, училишта, болници, градинки, подобар стандард на живеење, за владеење на правото, за борба против корупцијата и организираниот криминал, за чистење на нашите општествени редови и јавноста од монтерите на стравот и директните и индиректните пречки на европскиот пат. Нема повеќе време и простор за калкулации и измами, или сте за Европа или сте против, нема простор за средна зона, бидејќи нема друга алтернатива“, истакна вицепремиерот Груби. Тој ги повика сите заедници „на првата линија на европско- македонскиот фронт“.

Вицепремиерот Груби нагласи дека државава има три основни документи кои овозможуваат реализација на програмските определби: Охридскиот мировен договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство и дека нивната имплементација немала негативни реперкусии за државата. Европската Унија е стратешки приоритет на Владата, а владеењето на правото ќе остане во фокусот на институциите за брз напредок во преговорите, беше констатирано во дебатата во рамки на првиот панел „ЕУ интеграции и реформски процеси“. Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска порача дека е неопходен силен општествен консензус околу воспоставување на принципите на добро владеење на секое ниво, во секоја институција и област, на што Владата посветено работи.

   

„Секое работење мора да биде базирано на транспарентност, отчетност, владеење на правото, ефикасност и ефективност. Во соработка со надлежните институции веќе се работи на решенија и политики кои ќе овозможат корупцијата да стане неисплатлива“, потенцираше вицепремиерката Грковска.Заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ порача дека оваа 2023 година е клучна за европските перспективи на државата. „Оваа година треба успешно да го завршиме скрининг процесот, да се фокусираме на реформите, да обезбедиме општествен политички консензус, уставни измени”, рече вицепремиерот Маричиќ.
„Праксата за доделување на судски предмети, како што беше во минатото, на рака, повеќе не постои. Во судовите, предметите се распределуваат и прераспределуваат преку АКМИС системот. Тоа е законска обврска, а начинот на распределба се уредува со судскиот деловник“, потенцираше министерот за правда Никола Тупанчески и посочи дека од 1 јануари 2023 година задолжително се применува системот за управување со предмети во обвинителствата.

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски рече дека целта на Министерството за информатичко општество и администрација е деполитизирана администрација која ќе биде транспарентна и отчетна, како и дека работат на обезбедување на модерна и ефикасна јавна администрација базирана на дигитализација.
Амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ами Ларсон Џаин порача сите напори на Владата да бидат насочени кон реформите за да има напредок. Таа појасни дека Шведска е најголемиот билатерален донатор меѓу земјите-членки на ЕУ, со програма за реформска соработка која има за цел да им помогне на националните власти и граѓанското општество во процесот на интеграција во ЕУ, која во иднина значително ќе се зголеми.
На вториот панел посветен на капиталните и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза, 2022 година беше оценета како успешна во реализација на капиталните инвестиции со порака дека оваа 2023 година приоритет ќе се даде на подобрување на квалитетот на живеење.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во своето обраќање потенцираше дека минатата година капиталните инвестиции имаат рекордна реализација и по број и во квалитет.
“Преку една милијарда евра инвестираме за инфраструктурата. Го започнавме најголемиот проект за изградба на железничкиот коридор 8 кон Бугарија вреден преку половина милијарда евра. Во само една година завршивме со изградба на два експресни патишта од Штип до Кочани и од Штип до Радовиш, инвестиција од преку 100 милиони евра“, појасни министерот Бочварски, додавајќи дека годинава очекува силна градежна експанзија насекаде низ државата, посебно за изградба на преку 140 километри автопат на Коридор 8 и 10 д.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, посочи дека се реализирани или се во тек значајни проекти и изрази очекување дека 2023 година е година на можности за животната средина. Тој појасни дека претходниот период е работено напорно за да се обезбедат сите потребни услови за реализација на многу сериозни капитални инфраструктурни проекти со кои ќе овозможат секое населено место да има чиста вода за пиење и ќе има соодветен систем за управување со отпад. Според министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, во 2022 година Министерството за образование и наука ги реализираше речиси сите поставени цели во работната програма. Тој најави позасилено темпо на работа годинава.„Имаме буџет од 450 милиони евра, за 8,4% поголем од ланскиот“, истакна министерот Шаќири, додавајќи дека тоа потврдува дека образованието ќе биде приоритетна област за инвестирање, дури и во услови на изразена економска и енергетска криза.Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска истакна дека културата е капитална инвестиција и затоа Владата се посвети на заштита на зданијата кои сведочат за нашиот идентитет, за нашата посебна историја, посочувајќи ги спомениците од НОБ.

Третиот панел беше посветен на инвестициите и економскиот раст во услови на криза. Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во првиот дел говореше за клучните економски промени и предизвици со кои се соочи и ги презема оваа Влада.„Еден од клучните предизвици со кој се зафативме и на кој работиме е реструктурирањето на нашата економија. Сметам дека особено поддршката во производствениот сектор кој што изминатите пет години го имаме направено значително ја има променето целата структура. Она што сметам дека треба да го разбереме е тоа дека без структурни промени нема отворање на пат за одржлив пат за раст и развој“ нагласи тој.

Извршниот директор на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов зборуваше за важноста на Развојната Банка како финансиска поддршка на развојот, потенцирајќи дека за три години се пласирани речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти, а само во 2022 година пласирани се средства oд 107 милиони евра. „Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места“ нагласи Наумов.

Во рамките на четвртиот панел „Социјални и здравствени политики во време на криза“, се дебатираше за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална и просечна плата, новата методологија за раст на пензиите, како и за здравствените политики во изминатава и следнава година.Министерот за здравство, Беким Сали зборуваше за дигитализацијата и колку таа може да придонесе за унапредување на здравствениот систем.„Во завршна фаза на пуштање во употреба е мобилната апликација и порталот за пациенти „Мое здравје“. Преку порталот и мобилната апликација секој граѓанин ќе има можност за увид во своите податоци од националниот систем „Мој термин“ појасни министерот Сали. Меѓу позначајните инвестиции реализирани лани, тој ја вброи набавката на најсовремени апарати за дијагностика за 14 јавни здравствени установи, за кои инсталацијата е во тек, а обезбедени се во соработка со Светска банка. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 13.6 милиони евра.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се осврна на антикризните мерки наменети за најранливите категории на граѓани, новата методологија за раст на минималната плата и пензиите, како и за социјалните услуги и сервиси кои се во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
„Го донесовме Законот за минимална плата. Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, имаме двојно зголемување од 2016 година. Со новото усогласување во месец март, очекувањата се дека таа ќе биде повисока за околу 2.000 денари и ќе продолжи да расте. Во месец март очекуваме и ново зголемување на пензиите. За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%“, истакна министерката Тренчевска.
Масимилијано Паолучи, директорот на Светка банка во Република Северна Македонија, зборуваше за постигнатите резултати во проектите поддржани од Светска банка.

„Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги, Министерството започна 16 инфраструктурни проекти-детски градинки, кои се во напредна фаза на изградба или се завршени и кои обезбедуваат опфат на нови 2.000 деца“ истакна тој. Паолучи се осврна и на кризата со КОВИД-19, поради што се работело на јакнење на капацитетите на здравствените институции, со опремување на 678 кревети од единицата за интензивна нега за пациенти со КОВИД-19.Постојаната координаторка на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак, зборуваше за важност на инклузијата во општеството и развивање на деинституционализација како процес.

„Во изминатите неколку години заедно постигнавме навистина значителни резултати што заслужуваат да се прослават. Политиките насочени кон кризите треба да се системски, одржливи и визионерски за да се осигура дека и покрај предизвиците, нашиот пат ќе остане фокусиран на одржливиот развој. Како и секогаш, семејството на Обединетите нации цврсто е подготвено да работи заедно со Владата и сите национални и меѓународни партнери за да придонесе кон зголемен квалитет на животот на луѓето што живеат во Северна Македонија “, истакна Дуџиак.Годишната конференција „Година на нови можности“, продолжува и утре, со четири панели на теми од област на економијата, надворешната и одбранбената политика, фискални политики, како и регионален и локален развој.

   

Најново

Брисел: Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Sase Ivanovski

(ФОТО) 5 – та еколошка акција “Генералка викенд” во Куманово

Sase Ivanovski

Петрушевски до Бочварски: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство

Sase Ivanovski

(ФОТО) 10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници

Sase Ivanovski

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

Sase Ivanovski

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Sase Ivanovski

Книга за вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија и копретседателот на „ОМО Илинден“ Пирин, Стојков во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Кој е Аврам Писевски според кого е крстено основното училиште во скопско Бардовци?

Sase Ivanovski

Бочварски: Законот за помош на настраданите во Кочани треба да го поддржи и ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Митески: Проблемот со сметот е поради Арсовска, како општина дополнително ангажираме секој месец 100 лица со цел чист Аеродром

Sase Ivanovski

Државата ја заборави обврската – водите на Дојранското Езеро под закана

Sase Ivanovski

24 Анализа – Дали ги губиме стручните и квалификувани медицински кадри?

Sase Ivanovski

360 степени прашува, МВР одговара – како ќе се пишуваат и оспоруваат казните од камери

Sase Ivanovski

Мојсоска: Мијалков гради на охридското крајбрежје без елаборат за животна средина, а власта молчи!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Иновативна метода при гаснење на пожар

Sase Ivanovski

Димитриески: Со чувство на искрена радост и длабока почит, им ја упатувам мојата честитка на братскиот турски народ и државата Турција по историската вест за најавата за распуштање на терористичката организација ПКК

Sase Ivanovski

Во 1993 година, Емил Лереј, француски електричар, се расипал среде африканската пустина додека возел стар Citroën 2CV од Марок…останатото е историја…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Имаме голем респект кон веганите, но…

Sase Ivanovski

Златев: Парадата во москва беше славење на фашизмот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кошта во посета на Западен Балкан: Да се сврти страницата на минатото и да се изгради заедничка иднина

Sase Ivanovski

„Куќа од 76.000 квадратни метри, сам, изгубена, нема деца“ – Шекил О’Нил призна дека грешките со неговото семејство го натерале да почне да се чувствува осамен

Sase Ivanovski

ЗЛАТЕВ: АПАСИЕВ ТРЕБА ДА БИДЕ СУДЕН ЗАТОА ШТО БЕШЕ НА ПАРАДА?! Рускиот рулет на Таравари!

Sase Ivanovski

„Само Вистина” со Сотир Костов и Мирјана Најчевска

Sase Ivanovski

Учество на премиерот Христијан Мицкоски на Самитот 2025 во организација на „Македонија 2025“

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Љубомир Гајдов

Sase Ivanovski

Тема на денот со Крис Павловски

Sase Ivanovski

Руските војници ги заменуваат тенковите со мотоцикли

Sase Ivanovski

Полска нареди затворање на рускиот конзулат во Краков откако Москва беше обвинета за подметнување пожарот во 2024 година

Sase Ivanovski

ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Sase Ivanovski

СО ДОБРИ ЗАКОНИ МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДА СТАНЕ ЕВРОПСКИ КРИПТО ЦЕНТАР Фокусирајте се на енергијата и на вештачката интелигенција и ќе имате просперитет, порачува Крис Павловски

Sase Ivanovski

ОТСЕГА МОЖЕТЕ ДА СИ КУПИТЕ ДЕВОЈКА РОБОТ ЗА 125.000 ДОЛАРИ Дали „епидемијата“ на машка осаменост е сериозен проблем во денешницата?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕМАТЕ ВРЕМЕ ДА СРЕДУВАТЕ ПО ДОМА? Овој робот може да ве замени – чисти, пере и дипли алишта

Sase Ivanovski

ВО 3:30 ЧАСОТ НЕКОЈ МИ ТРОПНА НА ВРАТАТА И МИ ЈА СООПШТИ ЛОШАТА ВЕСТ Мицкоски откри кој бил неговиот најтежок ден во животот

Sase Ivanovski

Хамас на МКЦК му го предаде израелско-американскиот заложник Еден Александар

Sase Ivanovski

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

Sase Ivanovski

Касами: Нема да има (пре)именување улици во Тетово пред локалните избори

Sase Ivanovski

Касами за 360- Може ке направиме трампа и ќе им го дадеме министерството за здравство на ВМРО ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Таравари- Влеговме во влада со ветување дека за 6 месеци ке ги почнеме преговорите со ЕУ. Нема ништо од тоа и одиме во опозиција

Sase Ivanovski

Осудениот врховен судија Георгиев се вработи како магационер: сега излегува денски, навечер се враќа во затворот

Sase Ivanovski

Со нож го убил својот татко во Подгорица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пожар во куќата на британскиот премиер

Sase Ivanovski

„Мајка ти треба сама да дојде“: Адвокат кој ја застапувал својата беспомошна мајка, не можел да и извади картичка од ЈСП

Sase Ivanovski

Откако го откажа декемврискиот концерт во Скопје, Владо Јаневски најавува ексклузивен концерт на лето во Охрид!

Sase Ivanovski

Нарендра Моди: Индија ја прекина својата воена акција и ќе одговори на секој терористички напад

Sase Ivanovski

Муцунски ја посети болницата „Каролинска“ во Стокхолм, каде се лекуваа македонски пациенти повредени во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Вучиќ го пречека Кошта во Белград: Ќе разговараме за клучните прашања од односите меѓу Србија и ЕУ

Sase Ivanovski

„Арс Ламина“ освои седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книгата 2025

Sase Ivanovski

Газдата на „Рамбл“ предлага Македонија да биде неутрална како Швајцарија

Sase Ivanovski

Касами: Таравари избра да ја игра улогата на тројански коњ

Sase Ivanovski

Крис Павловски, директорот на „Рамбл“: Моите родители се од тука, сакам да направам Македонија да напредува

Sase Ivanovski

Димитриевски: СДСМ ја претвори Македонија во корупциски пазар

Sase Ivanovski

Арбен Таравари излегува од Владата

Sase Ivanovski

Топ Тема: Дали политиката ја убива емпатијата?

Sase Ivanovski

Куќа стара 738 години во Швајцарија има извонредна тајна за својата долговечност. Изградена во 1287 година, Витлеемската куќа е најстарата дрвена куќа во Европа, изградена без метални клинци

Sase Ivanovski

Терасираната висококатница во Росток (1969–1977), дизајнирана од архитектите Ватерстрат, Баумбач и Росток колективен станбен градежен комбинат

Sase Ivanovski

Шилегов распали по Венко Филипче: Златна да визата!

Sase Ivanovski

ЛДП: Градскиот парк личи на џунгла, излегува на површина неспособноста на Арсовска

Sase Ivanovski

Апасиев: Во Влада се луксузираат, а во Собранието нема паркинг, кафе и јајца за доручек

Sase Ivanovski

Јаневска: Се залагаме за едносменска настава во сите училишта

Sase Ivanovski

Бендевска: За ЗНАМ е неприфатливо да седи во иста Влада со субјект кој се договара со ДУИ

Sase Ivanovski

Македонија 2025: Дигитализацијата клучна за економски развој, борба против корупција, поефикасна државна управа и подобри јавни услуги

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: Оваа влада има доволно мнозинство за да продолжи со проекти во корист на граѓаните

Sase Ivanovski

Песков: Јазикот на ултиматум не може да се користи за дијалог со Русија

Sase Ivanovski

Анчелоти е нов селектор на Бразил

Sase Ivanovski

Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трамп: Можеби ќе им се придружам на Путин и Зеленски на преговорите в четврток во Истанбул

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Не е здрава храна ако го намалиме лебот и го тргнеме „благото“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова може да ја револуционизира иднината на возењето

Sase Ivanovski

Машен, Германија – Повеќе од град, тоа е еден од клучните железнички центри во Европа

Sase Ivanovski
Вчитувам....