10.1 C
Скопје
20/05/2025 03:08
МАКТЕЛ

     

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

      

Кога читате книга со однапред зададена цел да напишете текст за неа, обично се чита со белешки на маргините, подвлекувања, „ловење“ референци, мета-текстуалност и сл. Секако без лежерната опуштеност на читањето (само) од задоволство. Всушност, не почнувате така! Се почнува со една чудна тишина, поглед во таванот и празниот лист на екранот на лаптопот. Такво нешто следи и откако ќе го завршите текстот, дополнето со лебдечкото прашање: Дали е доволно добар? Писателите и филмаџиите ги “мразат” литерарните и филмски критичари и чувствувам зошто . Но и “критичарите” имаат свои демони кои не се за потценување.

Eдвард Лоренс Докторов пишува „историчарите ни кажуваат што се случувало, а писателите каквo било чувството“. Романот за млади „Oд горчина и мед“ на Паткси Зубизарета, во издание на “Сказнувалка“ во одличен превод на Борјана Мојсовска, низ приказната која го следи Селим (и неговиот поделен и сложен идентитет) од мало дете во мароканско село каде се создава копнежот за животот во париз, го претставува спротувставувањето на уметноста (книжевноста) на доминантниот наратив во западните медиумите кои човечките судбини ги сведуваат на дневна и неделна статистика на спасени, удавени, апликации за азил, бирократска терминологија како „мигранското прашање“ и им лепат идентитет кој дехуманизира и повредува.

   

Романот од класичен тип на нарација во првиот дел, која го следи детството на Селим, растењето во сиромашно семејство во планинско село а потоа во Маракеш ја претставува и суштината во насловот „Мед и горчина“, односно егзотичната и „слатка“ приказна за ориентот низ кој ги води туристите наспроти „горкиот“ живот кој го живее во сиромашните населби, необјаснивото завршување во затвор и тортурата таму и сл. Сепак, паралелно низ приказните за кратките љубови, пријателствата, растењето, овој дел од романот читателите ги остава во позитивно исчекување и надеж. Создава атмосфера податна за идентификација со главниот лик и неговата верба во целта на патувањето кое му претстои – Париз и реализацијата на сонот на „човек кој таму успеал и се вратил поинаков“.

Во овој дел од романот стилот на пишување, малите врамени приказни и гатанки, раскажани од странични ликови, потсетуваат на стилот и приказните од „1001 ноќ“, што освен на ниво на нарација, и во суштина прави паралела со егзотиката на ориентот, која потоа ја спротивставува и потполно ја релативизира пред суровата егзистенција. Следниот дел од романот, насловен „Европскиот кошмар“ односно патувањето кон Франција е приказна за млад човек кој нема дом, туку само цел. Некаква состојба на фактичка но и емотивна невдoменост и живот потпрен на надеж, но во кој апсолутно ништо не може да се земе здраво за готово. Односот кон мигрантот кој не постои за системот односно системот сака да го исфрли во доменот на не-правото е состојба во која ликот се бори за признавање, за стекнување идентитет. Без намера за филозофски фабули, но таа состојба е онаа која Џорџо Агамбен ја опишува со својот поим homo sacer, позајмена од римското прaво, на субјект кој не е субјект според правото, се држи надвор е од него “ не постои“ за правото (тој со тоа е под нивото на најтешките криминалци кон кои правото на системот се однесува некако со тоа што ги третира, суди и казнува, носи во затвор). Таа зона на лимбо, непостоење и целосно правно игнорирање или насилен третман кој нема ограничувачка норма во правниот систем – е зона во која младиот Селим се обидува да се бори за својот нов идентитет, и за својот живот.

Една од потрогателните линии, што го прави исклучителен роман за млади, е љубовната приказна на Селим и Естер, односно љубовта која нема шанси да се реализира во такви околности. Љубовта која, за жал, не победува туку под притисок на политичките и социјални околности се претвора во спора болка, грижа и неизвесност, одлично презентирана во форма на дневник на Естер која тука го раскажува сето она кое сака но не може да му го каже на Селим, бидејќи како склоп на околности, тој една ноќ исчезнува. Интересна е таа слобода која се јавува во текот на пишувањето текст кој има адресат, но во суштина тој (веројатно) никогаш нема да го прочита. Имитирајќи стил на дневнички запис во форма на замислен разговор остава простор за читателите да се соживеат со болката и празнината во својата најгола форма, без рационализирање, објаснување, изнудено прифаќање и помирување. И со неминовниот заклучок дека тагата (како и личното) за илјадници луѓе кои не можат да се вкомфорат во релации е политички и социјално наметната. За крај без претенциозни заклучоци. Ова е одлична книга за млади и треба да ја прочитате. Лени Фрчкоска

   

Најново

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење

Sase Ivanovski

Управен го „зашемети“ Уставен – Се одложува подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница

Sase Ivanovski

Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Sase Ivanovski

Со палка претепан член на партијата на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп прво разговараше со Зеленски, а не со Путин

Sase Ivanovski

До крај на 2025 година четири украински региони под Русија со премолчена помош од Европа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Sase Ivanovski

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЧАИР НЕМА ДОГОВОР СО ДРИСЛА Комунална хигиена го прашува Ганиу каде го фрла ѓубрето

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ СО НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ивановски: Планираме да се вратиме на железничката мапа

Sase Ivanovski

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Sase Ivanovski

Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов

Sase Ivanovski

Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор

Sase Ivanovski

Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна

Sase Ivanovski

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Sase Ivanovski

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески

Sase Ivanovski

Починат маж најден во стан во Велес

Sase Ivanovski

Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Аеродром – се судрија моторцикл и автомобил

Sase Ivanovski

Моторските одреди на Русија можеби се самоубиствени, но и нанесуваат штета на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОТКРИВА: Дали и како урбаната мафија му врши притисок?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Гневот кај граѓаните кон власта ќе се излее на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

Sase Ivanovski

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Sase Ivanovski

Естонија соопшти дека Русија задржала танкер во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот

Sase Ivanovski

Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Брзи погачици

Sase Ivanovski

ТФТ го „преслуша“ Работнички и закажа историско финале во МЗТ

Sase Ivanovski

Џудо клубот Сеишин освои 15 медали на меѓународниот турнир „Скопје опен“

Sase Ivanovski

Во организација на ФУСМАК и ОСУС – Куманово, денес се одржа ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА за учениците од основните и средните училишта

Sase Ivanovski

Колку пари добиваат словенечките општини од сообраќајни прекршоци?

Sase Ivanovski

Нова студија: Пилешкото може да го зголеми ризикот од рак и смрт, особено кај мажите

Sase Ivanovski

Педро Паскал ја убедувал Дакота Џонсон да отвори профил на „Онлифенс“: Само да мрднеш со прстот на ногата ќе заработиш пари

Sase Ivanovski

Синот на Трамп на удар поради реакцијата на дијагнозата на Бајден

Sase Ivanovski

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, вели Филипче

Sase Ivanovski

Иран: Збогатувањето на ураниум е национално достигнување од кое нема да се откажеме

Sase Ivanovski

Судскиот совет да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд за избор на уставен судија, рече Филков

Sase Ivanovski

Пандов веќе ја тестира електронската алка што овозможува да има затвореници во куќен затвор

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова денеска нема да достави предлог за гувернер, ќе размислувала уште два-три дена

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретнал со семејства на загинатите од Кочани – средбата била тајна на барање на семејствата

Sase Ivanovski

Контраспин: Сиљановска со нефункционален предлог за надминување на евроинтегративната блокада

Sase Ivanovski

Муртезани: Револтот кај поддржувачите на Алијанса за Албанците е многу голем, ќе продолжи трендот на заминувања

Sase Ivanovski

Вистиномер: Aко планот А е неприфатлив, тогаш Владата треба со консензус да осмисли план Б

Sase Ivanovski

Вреди размислува министерот Алиу да биде нов министер за здравство

Sase Ivanovski

Вистиномер: Името на компанијата АстраЗенека на латински не значи патот до смртта

Sase Ivanovski

Како терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Sase Ivanovski

Вистиномер: Објава погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ пружиле помош на Македонија по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Британците воведуваат строго ограничување на брзинaтa – во близина на училишта и болници ќе се вози со 16 км/ч

Sase Ivanovski

Вистиномер: Груби не изјавил дека „настаните од 27 април ги организирал тој со Шекеринска“

Sase Ivanovski

Руди Лазаревски: За година и пол од денес Црна Гора и Албанија ќе станат нови членки на ЕУ според Макрон.Како и кога ние?!

Sase Ivanovski
Вчитувам....