34.8 C
Скопје
03/06/2025 16:01
МАКТЕЛ

   

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

      

Всушност, не почнувате така! Се почнува со една чудна тишина, поглед во таванот и празниот лист на екранот на лаптопот. Такво нешто следи и откако ќе го завршите текстот, дополнето со лебдечкото прашање: Дали е доволно добар?Писателите и филмаџиите ги “мразат” литерарните и филмски критичари и чувствувам зошто . Но и “критичарите” имаат свои демони кои не се за потценување.

Eдвард Лоренс Докторов пишува „историчарите ни кажуваат што се случувало, а писателите каквo било чувството“. Романот за млади „Oд горчина и мед“ на Паткси Зубизарета, во издание на “Сказнувалка“ во одличен превод на Борјана Мојсовска, низ приказната која го следи Селим (и неговиот поделен и сложен идентитет) од мало дете во мароканско село каде се создава копнежот за животот во париз, го претставува спротувставувањето на уметноста (книжевноста) на доминантниот наратив во западните медиумите кои човечките судбини ги сведуваат на дневна и неделна статистика на спасени, удавени, апликации за азил, бирократска терминологија како „мигранското прашање“ и им лепат идентитет кој дехуманизира и повредува.

   

Романот од класичен тип на нарација во првиот дел, која го следи детството на Селим, растењето во сиромашно семејство во планинско село а потоа во Маракеш ја претставува и суштината во насловот „Мед и горчина“, односно егзотичната и „слатка“ приказна за ориентот низ кој ги води туристите наспроти „горкиот“ живот кој го живее во сиромашните населби, необјаснивото завршување во затвор и тортурата таму и сл. Сепак, паралелно низ приказните за кратките љубови, пријателствата, растењето, овој дел од романот читателите ги остава во позитивно исчекување и надеж. Создава атмосфера податна за идентификација со главниот лик и неговата верба во целта на патувањето кое му претстои – Париз и реализацијата на сонот на „човек кој таму успеал и се вратил поинаков“.

Во овој дел од романот стилот на пишување, малите врамени приказни и гатанки, раскажани од странични ликови, потсетуваат на стилот и приказните од „1001 ноќ“, што освен на ниво на нарација, и во суштина прави паралела со егзотиката на ориентот, која потоа ја спротивставува и потполно ја релативизира пред суровата егзистенција.

Следниот дел од романот, насловен „Европскиот кошмар“ односно патувањето кон Франција е приказна за млад човек кој нема дом, туку само цел. Некаква состојба на фактичка но и емотивна невдoменост и живот потпрен на надеж, но во кој апсолутно ништо не може да се земе здраво за готово. Односот кон мигрантот кој не постои за системот односно системот сака да го исфрли во доменот на не-правото е состојба во која ликот се бори за признавање, за стекнување идентитет.

Без намера за филозофски фабули, но таа состојба е онаа која Џорџо Агамбен ја опишува со својот поим homo sacer, позајмена од римското прaво, на субјект кој не е субјект според правото, се држи надвор е од него “ не постои“ за правото (тој со тоа е под нивото на најтешките криминалци кон кои правото на системот се однесува некако со тоа што ги третира, суди и казнува, носи во затвор). Таа зона на лимбо, непостоење и целосно правно игнорирање или насилен третман кој нема ограничувачка норма во правниот систем – е зона во која младиот Селим се обидува да се бори за својот нов идентитет, и за својот живот.

Една од потрогателните линии, што го прави исклучителен роман за млади, е љубовната приказна на Селим и Естер, односно љубовта која нема шанси да се реализира во такви околности. Љубовта која, за жал, не победува туку под притисок на политичките и социјални околности се претвора во спора болка, грижа и неизвесност, одлично презентирана во форма на дневник на Естер која тука го раскажува сето она кое сака но не може да му го каже на Селим, бидејќи како склоп на околности, тој една ноќ исчезнува.

Интересна е таа слобода која се јавува во текот на пишувањето текст кој има адресат, но во суштина тој (веројатно) никогаш нема да го прочита. Имитирајќи стил на дневнички запис во форма на замислен разговор остава простор за читателите да се соживеат со болката и празнината во својата најгола форма, без рационализирање, објаснување, изнудено прифаќање и помирување. И со неминовниот заклучок дека тагата (како и личното) за илјадници луѓе кои не можат да се вкомфорат во релации е политички и социјално наметната.За крај без претенциозни заклучоци. Ова е одлична книга за млади и треба да ја прочитате.

Лени Фрчкоска

   

Најново

СДСМ: Одговорност за оние кои го завија Кочани и Македонија во црно мора да има!

Sase Ivanovski

Андоновски: Во соработка со МВР работиме на дигиталниот паричник за сите граѓани

Sase Ivanovski

Зеленски ја поддржа иницијативата на Ердоган за средба со Трамп и Путин

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опструкциите на владата ја кочат работата на Општина Карпош, во школо со 25 деца со пречки во развојот немаме дефектолог затоа што владата не дозволува вработување

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Од две градинки во Карпош правиме една, бидејќи нема персонал, владата не дозволува нови вработувања, се пожали Јакимовски

Sase Ivanovski

Левица: Соработничка на Меџити добива државни пари од три институции

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Родовата еднаквост не е само статистика, ниту море од бројки, туку реална слика на општествената реалност

Sase Ivanovski

На 12 јуни ќе се бира новиот министер за здравство, порача премиерот

Sase Ivanovski

Филипче: Го слушам премиерот Мицкоски како ја цитира Библијата, ако продолжи вака ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

Прегазено е деветгодишно девојче во Гостивар

Sase Ivanovski

АРСОВСКА: Затоа што по јавна наредба ботовите на Висар Вики Ганиу се пуштени на најјако да полемизираат на тема Водовод, не дека им мисли главата туку дека крими шефот така им рекол, да појаснам за јавноста

Sase Ivanovski

Огњен Лазиќ ја презема функцијата генерален директор на Пивара Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костовски: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова, инспекторка за економски криминал?

Sase Ivanovski

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“: Ова е вистината за нашата ќерка, а обвинителството конечно да излезе на прес и да ги каже деталите од истрагата!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЕРОВСКИ: И да има бегалски кампови, тие ќе бидат привремени, кој сака да остане во земјава?!

Sase Ivanovski

ОЈО утврди дека објектот во Чаир е дивоградба, отворена постапка против инвеститорот

Sase Ivanovski

Ова што се случува меѓу градоначалниците е предизборен циркус, вели Тошковски

Sase Ivanovski

Битката околу дивоградбите се префрла во градскиот Совет: Денеска две вонредни седници, една побара СДСМ, друга ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Тошковски: Судот му го вратил пасошот на Јахоски за да патува, МВР постапува по нивните одлуки

Sase Ivanovski

Маж од Прилепско истепан од својот колега во фабрика во Жабени

Sase Ivanovski

Приведен скопјанецот кој ѝ се заканувал на Арсовска, полицијата го расчистува случајот

Sase Ivanovski

Приведен кавадарчанец кој си ја натепал сопругата

Sase Ivanovski

Најновата бугарска резолуција за Сиљановска-Давкова е навредлива: Во некоја друга држава би следувала иста таква декларација

Sase Ivanovski

Гази Баба со 3.000 денари за секое прваче

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Опожарена депонија близу Арачиново

Sase Ivanovski

Над 500 пешаци биле казнети во мај поради непочитување на сообраќајните правила

Sase Ivanovski

Двајцата заболени со мајмунски сипаници се под здравствен надзор, изолирани дома – нивните контакти досега не пројавиле симптоми

Sase Ivanovski

Приведен скопјанец за издржување казна затвор од 11 години

Sase Ivanovski

Јакимовски размислува за уште еден мандат, не сака Карпош да го остави на кого било

Sase Ivanovski

ДУИ ќе настапи со отворени листи на следните парламентарни избори

Sase Ivanovski

Арсовска до Мицкоски: И покрај заканите јас не се повлекувам, за сè имам докази

Sase Ivanovski

Марта Кос се нуди како олеснувач во разговорите меѓу Бугарија и Македонија

Sase Ivanovski

Договорот со Обединетото Кралство е извонреден, смета Сиљановска-Давкова

Sase Ivanovski

По две децении, уапсен командант Бреза во Ченто и спроведен во затворот во Шутка

Sase Ivanovski

Тошковски: Прашање е како е донесена одлука да му се врати патната исправа на Јахоски, а не зошто МВР постапило согласно судска одлука

Sase Ivanovski

Се забрануваат протести пред Собрание, Африм Гаши бара прогласување безбедносна зона околу зградата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЧ НЕ Е ПАМЕТНО ДА ПЛАНИНАРИШ НА АКТИВЕН ВУЛКАН, ВАКА БЕГАА ВЧЕРА НА ЕТНА

Sase Ivanovski

Грчките електро компании го најавија бранот летни поскапувања на струјата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пет полицајци убиени во заседа на наркобандите во Мексико

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Активисти украдоа восочна фигура од Макрон и ја поставија пред руската амбасада во Париз

Sase Ivanovski

АЕК ја чека одлуката за натпреварот со Алкалоид со многу проблеми: Навивачите бесни по поразот од Олимпијакос

Sase Ivanovski

Напаѓачот од Колорадо цела година го планирал нападот врз Евреите: Би го направил тоа повторно

Sase Ivanovski

14-годишен Палестинец убиен од израелски оган на Западниот Брег

Sase Ivanovski

Најмалку петмина загинати во руските напади во Донецк и Харков

Sase Ivanovski

Израелските сили пукале врз Палестинците на 500 метри од дистрибутивниот центар во Рафа

Sase Ivanovski

Орбан: Руско-украинската војна добива загрижувачки нов пресврт, се продлабочува

Sase Ivanovski

Пратеници од Левица се сретнаа со францускиот амбасадор

Sase Ivanovski

Пратениците ќе ја „чешлаат“ работата на Судскиот совет

Sase Ivanovski

Јужна Кореја избира нов претседател

Sase Ivanovski

Лутник: Се очекува договор меѓу САД и Индија за царините

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Турција: Почина девојче, има голем број повредени

Sase Ivanovski

Повеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична енергија во Запорожје поради нападот со украински дрон

Sase Ivanovski

Трамп му честиташе на Навроцки за победата во Полска: Избравте победник

Sase Ivanovski

ПАД НА ПАТНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ: Април сепак изненадил

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Силни земјотреси ја погодија Турција, девојче почина по напад на паника, луѓе скокаа од балкони

Sase Ivanovski

ЛИЦАТА НАД 55 ГОДИНИ МНОГУ ПОТЕШКО СЕ ВРАБОТУВААТ – нов пад на невработените регистрираше Агенцијата за вработување

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали фалат пари од Фондот затоа што две фирми добиваат огромни буџети?

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Буџетот за наука двојно зголемен, зголемен и оперативниот план за вработувања со 2,5 милијарди денари, Владата продолжува со инвестиции во здравството

Sase Ivanovski

Македонија и натаму земја со најголеми загуби на електрична енергија, за тоа сме платиле висока цена од 90 милиони евра

Sase Ivanovski

Герасимовски: Мора да ги преземеме ингеренциите на Комунална хигиена, не затрупаа во смет!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА СЕ ИСПЛАШИ ОД БОМБИТЕ ВО КРИВОЛАК

Sase Ivanovski

Ќе ги дадам милијардите за Африка – не сакам да умрам богат, вели Бил Гејтс

Sase Ivanovski

НАЈНОВО: Богојески го суспендирал Мерко од ЕУ фондови!

Sase Ivanovski

Маж казнет со 240 фунти откако го запалил Куранот пред турската амбасада во Лондон

Sase Ivanovski

Ќебапите во Сараево никогаш не биле поскапи

Sase Ivanovski

ЛУКА МОДРИЌ – Од тешко детство до најдобар фудбалер на светот

Sase Ivanovski

Андоновски: Наскоро граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во апликација на мобилен

Sase Ivanovski

На жена ѝ е одбиено швајцарско државјанство оти ги критикувала кравјите ѕвона

Sase Ivanovski

ШТО ПРЕДВИДУВА РУСКИОТ ДВОДЕЛЕН МЕМОРАНДУМ ЗА МИР? Украина доби еден куп услови

Sase Ivanovski

Се враќаат строгите забрани за пушење – ќе се казнува и на затворени тераси

Sase Ivanovski

Новинарот Љубиша Николовски во гостување на телевизијата „24“ рече дека и британскиот и унгарскиот кредит се заеми кои ќе треба да ги враќа секој човек подеднакво

Sase Ivanovski

Таравари вели дека ја напуштил власта поради блокадата на ЕУ-интеграцијата и меѓуетничките односи

Sase Ivanovski

Нова потрага во Португалија во случајот Медлин МекКен

Sase Ivanovski

ЕСМ поднеле кривична против ексминистри и функционери во компанијата за штета поврзана со закуп во Александрополис

Sase Ivanovski

Полскиот премиер одби техничка влада, ќе бара доверба за својата

Sase Ivanovski

Орбан: Војната во Украина ќе биде подолга и побрутална отколку што очекувавме

Sase Ivanovski

Арсовска ги тагна амбасадите: Ќе објавам документи за сите граѓани да видат каков криминал се случува!

Sase Ivanovski

РУСИЈА ПРЕДЛОЖИЛА 2-3 ДЕНА ПРИМИРЈЕ ЗА ДА СЕ СОБЕРАТ МРТВИТЕ ТЕЛА 90-минутните преговори завршија со договор за размена на воени заробеници и деца

Sase Ivanovski

БРЕМЕН, ГЕРМАНИЈА

Sase Ivanovski

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија 12. титула

Sase Ivanovski
Вчитувам....