Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, вечерва во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 откри дека од девет училишта на територија на општината, дури седум немале имотен лист, односно, како што рече тој, биле изградени „на диво“. Тој вели дека и објектите на јавни, државни институции во Чаир, како и цели блокови згради во општината, изградени пред децении, немале имотни листови во моментот кога општината го презела управувањето со нив, во 2005 година.
„Ние поправаме една историја, можеби 50 години што некој го наметнал така, и потоа легализираме сè што е таму. По 63-та година имаме ред блокови згради без имотни листови, сега луѓето се снабдуваат со документи преку законот за легализација“, вели Ганиу.