Од Обвинителството информираа дека за приведениот е поведена истрага за – Помагање на сторител по извршено кривично дело согласно член 365 став 3 од Кривичниот законик.
-Тој што ќе му помогне на сторител на кривично дело за кое е пропишана казна доживотен затвор, ќе се казни со затвор од една до десет години, пишува во Кривичниот Законик.Името на помагачот на вчерашното судење, во својот завршен збор, го откри обвинетиот Велибор Манев.
-Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор. По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој се наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени, информираа од Обвинителството.
Оттаму појаснија дека биле извршени претреси на две локации, но засега не се открива дали пиштолот брил пронајден и дали осомничениот можеби го признал делото.Манев, неодамна, кога ја даваше својата одбрана за прв пат откри дека на извесен човек му пренел порака од Палчо да го уништи ранчето во кое биле пиштолот, заедно со три мотороли.Прашан зошто досега не го споменал овој момент, Манев одговори за да го заштити човекот кому му било наредено да го уништи пакетот, бидејќи тој, како што рече, воопшто не учествувал во двете убиства.
Во завршните зборови Манев сепак реши да го открие неговиот идентитет, по што беше уапсен.
На останатите обвинети, Палевски, Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски, за кои пресудата ќе биде изречена во среда, им се заканува казна доживотен затвор.Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.