Зоолошката градина – Скопје денеска потврди дека е угината мајмунка од видот сијаманг од причини кои засега се непознати бидејќи телото е на обдукција и најавија, но ги демантираше тврдењата на советникот во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков дека угината женка била бремена.Од таму посочија дека точните причини за угинување на животното ќе бидат објавени веднаш штом ќе ги добијат резултатите од направената обдукција.
-Во врска со угинатата женка од видот сијаманг, Ве известуваме дека точните причини за смртта ќе ги објавиме веднаш штом ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата направена од страна на стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина, со цел поголема транспареност, како што тоа е пракса и од минатато.Исто така би сакале да ги демантираме шпекулациите дека женката сијаманг била бремена во моментот на угинување- велат од ЗОО Скопје.Претходно, Кирков објави дека во зоолошката градина Скопје пред неколку дена починала млада женка – сијаманг која била бремена.
-Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред неколку дена, починала млада женка од врстата сијаманг – еден од најретките и заштитени видови на мајмуни во светот. Дополнително трагично е што се работи за бремена женка- напиша Кирков на социјалните мрежи.Од ЗОО Скопје посочија дека животните од скопската зоолошка добиваат ветеринарен третман веднаш штом се појави било каков прв симптом или аларм дека можеби се болни или имаат некаква повреда и истакнаа дека благосостојбата на животните се следи постојано од страна на вработените.