Македонија има богата винска традиција, а нејзините вина сè почесто освојуваат признанија на меѓународно ниво. Во овој бизнис е и дане Јованов Хермес кој гостува во најновата епизода на поткастот „Бизнис муабети“ на Фактор, и кој зборува за значењето на винската индустрија – една од клучните гранки на македонската економија. Говорејќи за најскапите вина во светот, Хермес посочува: „Тие доаѓаат од винариите во Бордо, а едно шише може да достигне цена и до 4.000 евра.“
Според него, винската индустрија во Македонија остварува годишен обрт од 65 милиони евра, што смета дека е недоволно. „Од лозарството живеат 10.000 семејства, а ако секое има по четири члена, тоа значи дека директно зависат 40.000 луѓе – што е речиси еден помал град,“ објаснува тој. Виното е вториот најизвезуван македонски производ, веднаш по тутунот, и има значително учество во домашниот бруто производ.