Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонската секција IEEE и Факултетското студентско собрание на ФЕИТ, од утре го организираат 13-тото издание на познатиот меѓународен студенстки натпревар и работилница во роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција Robomac. Натпреварот ќе се одржи од 12-ти до 17-ти мај 2025 година во Амфитеатарот на ФЕИТ. На настанот ќе се обратат: проф. д-р Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ, проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на УКИМ, Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, проф. д-р Анастас Мишев, претседател на македонската секција на IEEE и Филип Жаков, претседател на студентскиот огранок на македонската секција на IEEE. Повелете покана за учество на отворање на Robomac. Со почит, Тодор Стојчевски, 071/257181
Од утре почнува Robomac по 13-ти пат
![]() |