Од четврти до шести јули на стадионот во Штип ќе се одржи The festival, и најавено е гостување на околу 30 познати музички имиња. Sisters of mercy, Архангел, Томи Кеш, Мизар, Љубојна, Фолтин, Кирил Џајковски, Буч Кесиди се само дел од артистите кои ќе ја забавуваат публиката на настанот.Како што информира организаторот Пасворд Продукција, годинава влезот ќе биде бесплатен, но ќе се продаваат хуманитарни билети.Наместо класични влезници, сите можат онлајн да купат хуманитарен Д билет, кој се продава по цена од 1.500 денари, а со кој директно се донирало за иницијативата Support Kochani.
Инаку, фестивалот во организација на Пасворд Продукција со години наназад се одржуваше во Дојран, под име Д Фестивал. Годинава под името The Festival за првпат ќе се одржи во Штип.
Дојранскиот градоначалник Анго Ангов за ,,Фокус” изјави дека Д Фестивал сепак останува во Дојран, во организација на друга продукција, бидејќи фестот бил белег на општината.
Според последните информации од Општина Дојран, Д Фестивал ќе биде во организација на Визуел Продакшн, и ќе се одржи од 25-ти до 27-ми јули на истите локации како и во минатото, во Дојран.