Според договорот, Управата ќе има право да ја користи просторијата во деновите четврток, петок, сабота и недела, во термин од 14 до 17 часот и 30 минути, за реализација на службени венчавки.
Соработката стапува во сила од 1 јуни 2025 година и ќе трае до 31 декември 2025 година, со можност за продолжување по взаемна согласност на страните. Ова претставува значаен чекор кон унапредување на квалитетот на услугите за граѓаните, овозможувајќи им да го реализираат чинот на венчавање во посебен, достоинствен и незаборавен амбиент – во срцето на Скопје. Управата за водење на матичните книги останува посветена на својата мисија за приближување на јавните услуги до граѓаните, со човечки пристап и реална примена во секојдневниот живот, велат од УВМК.