На метеоролошките модели само што се појави нешто ново, а тоа е дека, почнувајќи од околу 18 јуни, над Балканот и над Македонија ќе се распростране плиток циклонски систем, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Токму ова ќе услови поголемо достабилизирање на атмосферата, понатамошен пад на температурите и честа појава на врнежи и грмежи. Во ваква ситуација, повторно може да имаме појава на временски непогоди. Да напоменам дека, сеуште се работи за неофицијална најава околу овој висински циклонски систем, што значи понатаму ќе имам и ќе објавувам нови метео анализи токму околу оваа нова промена на временската состојба кај нас. Едно е сигурно, дека екстремно високи температури нема ни на повисок, напротив, тие ќе бидат пониски и многу попријатни“, вели Попоски.