24.8 C
Скопје
20/06/2025 21:13
МАКТЕЛ

   

Од 95-та владина седница: Исплата на октомвриските пензии од 31-ви октомври; останува примената на летно и зимско сметање на времето; прифатени текстови на договори за движење со лични карти во Западен Балкан и за признавање на професионални квалификации; одлуки за учество на припадници на Армијата во вежби во Грција и за обука на Криволак

      

Владата на Република Северна Македонија ја одржа 95-та седница.
Владата, на предлог на Канцеларијата на Претседателот на Владата, разгледа три информации поврзани со регионалната соработка на сите шест земји во рамки на Берлинскиот процес и се прифатени усогласените текстови на договорите. 

Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Договорот за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан и го прифати усогласениот текст на Договорот. Овој Договор ги опфаќа сите шест земји од регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во рамки на Берлинскиот процес воден од принципите на правото на ЕУ, европските вредности и добрата пракса на ЕУ. Договорот предвидува исти услови за влез, транзит, излез и краток престој на физичките лица, односно на носителите на лични карти. Со склучувањето на овој Договор се потврдува изразената подготвеност за зајакнување на регионалната соработка и меѓусебното разбирање, што ќе придонесе за економскиот развој, зголемување на економскиот раст, инвестициите и вработувањата во Западен Балкан. Исто така, земени се предвид заклучоците кои лидерите ги донесоа во рамките на Берлинскиот процес, истакнувајќи ја визијата за просперитет за луѓето од Западен Балкан, со цел да ги уживаат истите слободи, како и европските граѓани. Земена е предвид и Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар како катализатор за подлабока регионална економска интеграција кон единствениот пазар на Европската Унија, донесена на Самитот на лидерите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, реализиран во Софија на 10 ноември 2020 година.

Владата ја разгледа и ја усвои и Информацијата за склучување на Договорот за признавање на професионалните квалификации на докторите по медицина, докторите по дентална медицина и архитектите, во контекст на договорот за слободна трговија и го прифати усогласениот текст на Договорот. Овој Договор ги опфаќа сите шест земји од регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во рамки на Берлинскиот процес, а овозможува размена на професионалци кои поседуваат професионална квалификација за доктори по медицина, доктори по стоматологија и архитекти, во формат којшто ќе ги отстрани бариерите на националното законодавство.

   

Со Договорот се утврдуваат правилата за автоматско признавање на докази за формални квалификации врз основа на минималните услови за обука, за пристап до регулираната професија и нејзино вршење, како и усогласените минимални услови за обука, во една или во повеќе страни потписнички, коишто им овозможуваат на носителите на споменатата квалификација, да ја вршат истата професија стекната во матичната држава – во друга, потписничка на Договорот. Сите шест земји од Западен Балкан ја имаат предвид важноста на економската интеграција, во согласност со  Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) од 2006 година, како и целите на зголемување на либерализацијата на трговијата со услуги во рамките на ЦЕФТА. Исто така, земени се предвид и целите и приоритетите утврдени во Акцискиот план за заеднички регионален пазар за периодот 2021-2024 година во рамки на Берлинскиот процес, коишто се насочени кон отстранување на пречките за признавање на професионалните квалификации, преку усвојување и спроведување на „Рамката на Европската Унија (ЕУ) за автоматско признавање на професионалните квалификации за 7 професии и системот на ЕУ за автоматско признавање“.

Овој Договор обезбедува повеќекратна добивка бидејќи не само што ќе се применуваат строгите критериуми на ЕУ во мобилноста на заедничкиот пазар, туку земјите имаат обврска да ги усогласат наставните програми за овие три професии со барањата на ЕУ, преку што се обезбедува подобар квалитет и мобилност на овој кадар во рамките на Западен Балкан. Преку Договорот ќе се обезбеди и побрза интеграција на земјата во процесот на ЕУ, поради исполнување на барањата од европското законодавство и фактот дека образовниот, како и институционалниот систем на државата, со понатамошна имплементација на Договорот, веќе ќе бидат подготвени за оваа преземена обврска, односно таа ќе биде целосно усогласена со барањата на Унијата за полноправно членство.

Владата, исто така, ја разгледа и ја усвои Информацијата за склучување на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и го прифати усогласениот текст на Договорот. Овој Договор исто така ги опфаќа сите шест земји од регионот и тоа: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија во рамки на Берлинскиот процес. Договорот претставува голем успех во изнаоѓањето заеднички, практични и транспарентни решенија за подобрување на праксите за признавање на високото образование, преку воспоставување стандард и постапки за признавање на високообразовните квалификации, а воедно е во согласност со Лисабонската Конвенција за признавање на квалификации, коишто се однесуваат на високото образование во европскиот простор. Исто така, благодарение на Берлинскиот процес, со овој Договор ќе се промовира академската мобилност, како и соработката во поглед на правични и транспарентни постапки за признавање и обезбедување академски интегритет во високото образование во Западен Балкан.

Со Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан, високото образование се препознава како јавно добро и јавна одговорност и се подига свесноста за потребата да се поддржат и заштитат принципите на академската слобода и автономијата на високообразовните институции. Исто така овој Договор овозможува да се промовираат и прошират основите за соработка во Западен Балкан, да се развие соработката помеѓу високообразовните и истражувачките институции и да се промовира академската мобилност. Со признавањето на квалификациите кои се однесуваат на високото образование ќе се олесни меѓузависното учење и развојот на знаењето преку мобилност на студентите, професорите, истражувачите и стручните лица. Како и со претходните два договори, со овој Договор исто така се има предвид Декларацијата на лидерите од Западен Балкан за заедничкиот регионален пазар, како катализатор за подлабока регионална економска интеграција кон единствениот пазар на Европската Унија, донесена на Самитот на лидерите од Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, реализиран во Софија на 10 ноември 2020 година.

Владата, на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за економија, во врска со изготвената анализа за можноста за продолжување на примената на летното сметање на времето и согласно сите анализи е заклучено дека ќе се пристапи кон примена на зимското сметање на времето, како што се практикуваше и досега.

Министерство за економија информираше дека проценката е направена во соработка со Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за електронски комуникации, Биро за метрологија, Стопанска комора на Северна Македонија, Управа за хидрометеоролошки работи, Стопанска комора на северозападна Македонија и Економскиот факултет – Скопје.
Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија.
На владината седница се донесени три одлуки на предлог на Министерството за одбрана: одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата TALOS 22, во Република Грција; одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата Balkan Shield 22, исто така во Република Грција, а разгледана и усвоена е и информација, со одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија, заради учество на обука во блиска воздушна поддршка со воздухоплови на вооружените сили на САД на Армискиот полигон Криволак.
Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец октомври 2022 година. Се задолжува Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 28.10.2022 година и се препорачува на деловните банки пензионерите да може да располагаат со октомвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31.10.2022 година.
За клиентите кои не користат картички, се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии, во четири групи според распоред составен согласно висината на пензијата и тоа:
  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 31.10.2022 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 01.11.2022 година (вторник);
  • За пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 02.11.2022 година (среда) и
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 03.11.2022 година (четврток).

   

Најново

Апелација пресече: Нино Васев од домашен во притвор во Шутка

Sase Ivanovski

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе

Sase Ivanovski

ОП, ОП, ОП, БРАВО

Sase Ivanovski

„Таков каков што сум’’ – aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев

Sase Ivanovski

БОЕМОТ: „Проколнати“ локали во Скопје 

Sase Ivanovski

Дали знаевте дека на врвот на неговата кариера, Тоше Проески, во потрага по постојан развој и усовршување на неговиот вокал и уметничка умешност, отпатува во Њу Јорк да учи со еден од најдобрите светски вокални тренери како Бил Рајли Сениор, некој кој своевремено имал тренерски сесии со великани од калибарот на Селин Дион, Андреа Бочели и Џош Гробан

Sase Ivanovski

Филипче: СДСМ ги објавува првите 19 кандидати за градоначалници-личности со кредибилитет

Sase Ivanovski

Голем број дизел автомобили во Европа мора да завршат во отпад

Sase Ivanovski

Шефот на СЗО го осуди нападот врз болниците во Иран и Израел

Sase Ivanovski

Хезболах ги осуди заканите до ајатолахот Хамнеи: „Неодговорни и опасни изјави“

Sase Ivanovski

„ЕСМАИЛ ФЕКРИ Е ОБЕСЕН ПО СУДСКА ПОСТАПКА ПОРАДИ ВОЈНА ПРОТИВ БОГА“ Иран погуби агент на Мосад

Sase Ivanovski

ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Д-р Саздов, анестезиолог од приватната болница „Аџибадем Систина“: Канцерогена болка се отстранува со крионевролиза- со ниски температури се оштетува нервот

Sase Ivanovski

Хрватска и Индија ќе соработуваат во одбранбената индустрија

Sase Ivanovski

ЕСМ вонредно купи струја од трговци по пожарот во РЕК Битола

Sase Ivanovski

ПЛАТИТЕ ВО ЕУ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ: Kои земји се на врвот?

Sase Ivanovski

„РАБОТОДАВАЧИ ПОДГОТВЕТЕ СЕ, СЕ РАБОТИ НА СТИМУЛАЦИЈА ЗА ДА ВРАБОТУВАТЕ СТУДЕНТИ“: Грчева најавува – се работи за нов Закон за студентска работа

Sase Ivanovski

Министерот Андоновски: Апасиев живее во Аеродром, а не знае каде да го регистрира новороденчето

Sase Ivanovski

„ЕКСПЛОДИРАА“ ЦЕНИТЕ НА КИРИИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА: Порастот стигнува и до 107 отсто

Sase Ivanovski

СТАТИСТИКА ОБЈАВИ НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлкава е просечната плата во Македонија?

Sase Ivanovski

Кои се бизнисмените кои ќе менаџираат со „Македонско село“?

Sase Ivanovski

Албански бизнисмен ја купи UNIQA во Македонија

Sase Ivanovski

Паљото е неуморен – најави нов поход на локалната власт, листата ќе му се вика „За Битола“

Sase Ivanovski

58 ПОВРЕДЕНИ ОД „ПУЛС“ ВЕЌЕ НОСАТ КОМПРЕСИВНА ОБЛЕКА Позитивни резултати и нови терапии во болницата во Кочани

Sase Ivanovski

ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ЕВРОПСКИ СОВЕТ ПО ПОВОД СКОПЈЕ ЕВРОПСКИ ГРАД НА КУЛТУРАТА ЗА 2028-МА

Sase Ivanovski

КАЦ НАРЕДИЛ ЗАСИЛЕНИ УДАРИ ВРЗ ИРАН Мета се Исламската револуционерна гарда и Басиџ

Sase Ivanovski

НЕТАНЈАХУ СЕ ЖАЛИ, СИН МУ ДВАПАТИ ОТКАЖУВА СВАДБА „Сите ја плаќаме цената за нападите на Иран“

Sase Ivanovski

„СПРЕМЕТЕ ГИ KOВЧЕЗИТЕ“ Илјадници луѓе протестираа по молитвата во Техеран

Sase Ivanovski

КАНЈЕ ВЕСТ И БЈАНКА ЦЕНСОРИ ЗАВРШИЈА ВО МЕНТАЛНА КЛИНИКА Неделно плаќаат 170.000 долари?

Sase Ivanovski

ПРЕДЛОЖЕНО Е РАЗРЕШУВАЊЕ ЗА ВИШИОТ ОБВИНИТЕЛ ХАЈРУЛАХИ Обвинителот Цветановски е казнет со помала плата

Sase Ivanovski

(Видео) Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на дното во Европа

Sase Ivanovski

Скопјанка нападната од партнерот на одмор во Грција

Sase Ivanovski

Дачиќ има највисока министерска плата во Србија, Вучиќ – речиси 60 отсто помалку примања од него

Sase Ivanovski

Кешишев: Многу се каам што бев со таа група

Sase Ivanovski

Зоран Ставрески не стана гувернер ама основа своја фирма за финансиски консалтинг

Sase Ivanovski

Сообраќајка на автопатот Тетово – Скопје, сообраќајот е во прекин

Sase Ivanovski

Мурати: Македонија некогаш беше пример на надеж за регионот, денес таа е пример на застој

Sase Ivanovski

ССМ: За два месеца минималната кошница е зголемена за 2007 денари

Sase Ivanovski

МАНЕВ: Потрошив 6 години од мојот живот, запоставувајќи ја мојата фамилија и работата. Шест години ме манипулирал и ме спремал како жртвен вол

Sase Ivanovski

Иран би можел да произведе нуклеарно оружје во рок од „неколку недели“, соопшти Белата куќа, додека американскиот претседател Доналд Трамп дебатира дали да преземе воена акција против земјата

Sase Ivanovski

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Маврово – с.Галичник поради сообраќајна незгода

Sase Ivanovski

Може ли Израел да финансира војна на повеќе фронтови?

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КУМАНОВО Проштална средба во чест на амбасадорката на Р Србија во РС Македонија

Sase Ivanovski

ВАКОВ ПСИХОПАТ СЕ РАЃА ЕДНАШ НА 100 ГОДИНИ Палевски: Боре пукаше, Манев е организатор, а Кешишев е стражар

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира за зголемена потрошувачка на водата и апелира до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата

Sase Ivanovski

ДРАМА НЕВИДЕНА: Вработениот во Народна Банка што го уништил ранецот со пиштол и мотороли е сопруг на кривичен судија?!?!

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Советникот на Филипче во Кочани да си поднесе оставка, наместо во интерес на граѓаните, работи на реализација на сценарио за негов спас

Sase Ivanovski

Иран е подготвен да разговара за ограничувањата за збогатување на ураниум

Sase Ivanovski

Пресудите за Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите избрани во Зајас и Струмица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Во Кочани пристигна првата пратка на креми за санација на изгорениците

Sase Ivanovski

ЕУ: Први унифицирани стандарди за чување на домашни миленици

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Македонска Каменица, управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Се шири лажна наградна игра поврзана со „Лидл“, компанијата апелира граѓаните да бидат внимателни

Sase Ivanovski

Чупеска: Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален, граѓаните живеат тешко и препознаваат неспособност

Sase Ivanovski

Прилепчанец оштетил апарат за коцкање па во полиција пријавил дека делото го сторило друго лице

Sase Ivanovski

ОПШТИНА КУМАНОВО: Втор третман на терестичка дезинсекција

Sase Ivanovski

Рамиз Мерко казнет со 10 илјади евра за незаконското поставување директори во училиштата

Sase Ivanovski

Европејците излегоа со предлог од четири точки до Иран за деескалација со Израел

Sase Ivanovski

Приведени тројца разбојници во Скопје, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Одморалиштето на Пониква утре ќе прими пациенти од трагедијата во Кочани, се подобруваат условите и во кочанската болница

Sase Ivanovski

Таткото на Вања до Палевски: „Зошто ми е убиена Вањичка?

Sase Ivanovski

Исланд е повторно на врвот на рангирањето како најмирна земја во светот во 2025 година, титула што ја држи од 2008 година. Ирска го зазема второто место, Нов Зеланд е трет, потоа Австрија и Швајцарија. Сингапур, Португалија, Данска, Словенија и Финска исто така влегуваат во првите 10

Sase Ivanovski

Таравари и Европскиот фронт ги поделиле општините: Се формализира коалицијата „BASHKË“ (ЗАЕДНО) за локалните избори

Sase Ivanovski

Дотерај се и трепкај за работна позиција – засрамувачки барања за жените на пазарот на труд

Sase Ivanovski

Фетаи: Таравари ми рече да го оставам на мира да оди со ДУИ во коалиција

Sase Ivanovski

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Sase Ivanovski

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

Sase Ivanovski

НБРМ: Годинава се очекува просечна инфлација од 3%

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди евра – пруга без проект, но со веќе пресметана провизија

Sase Ivanovski

Aкиов: На правничката од општината и се извинувам. Јас не сум „гомнар“ ВМРО ДПМНЕ постојано провоцираат

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: Додека престојувам во Брисел и се залагам за достоинството на македонската Кауза, во исто време, добивам закани по животот на моите деца

Sase Ivanovski

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица на дебата во живо: „Ако го имате – дојдете. Ако не – молчете“

Sase Ivanovski

44-годишна жена пешак е жртва во синоќешната сообраќајка во Охрид. Без возачка дозвола 22 годишник ја прегазил на тротоар

Sase Ivanovski

АДВОКАТИТЕ СЕ НЕШТО ПОСЕБНО 10 години да имате – вина на Палчо нема да докажете, им рече неговиот адвокат на обвинителите

Sase Ivanovski

БОМБА ВО СУДНИЦА Манев: Човекот што го уништил пиштолот со кој Палевски ги уби Вања и Панче е Зоран Давитков и работи во Народна банка

Sase Ivanovski

Чупеска: Ценовните шокови бараат одговорна влада, но ВМРО-ДПМНЕ не покажува грижа за граѓаните

Sase Ivanovski

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Уапсено е лицето од Народна банка, за кое Манев рече дека го уништил ранецот со пиштолот и моторолите

Sase Ivanovski

360 СТЕПЕНИ: МВР ги довери возачките испити во Пелагонија на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од Кичево

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Раст на туризмот над 20%, нови градинки и зголемени буџетски приходи

Sase Ivanovski

Манасиевски: СДС лаже за Кочани, како што лажеше за Смилковско, Младенов, Тамара, за на крај да завршат со кабелот во Модуларна

Sase Ivanovski

ТРОЈЦА СКОПЈАНИ ИЗМАМИЛЕ ФИРМА ОД БЕЛОРУСИЈА ЗА ОКОЛУ 750.000 ЕВРА Со затајување данок го оштетиле македонскиот буџет за околу 585.000 евра

Sase Ivanovski
Вчитувам....