Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, во интервју за МТВ рече дека добиле допис од одделот за интегритет на УЕФА, во кој се посочени одредени личности, со име и презиме, за кои што постои сомнение дека „имаат преземено дејствија кои се сомнителни“. -Во соработка со УЕФА тоа ќе го спроведеме до крај.
Доколку тие се чувствуваат загрозено поради тоа и мислам дека со напади и разни инсинуации врз нас ќе не предомислат на тој пат, тогаш нивното размислување е тотално погрешно. Натпревари, клубови и имиња. Кога ќе дојде време, ќе ги објавиме – рече тој. Омерагиќ откри дека се работи за сезоната 2023/24 и претходно, а натпреварите се од домашното првенство и од Купот на Македонија.