13.8 C
Скопје
16/06/2025 02:05
МАКТЕЛ

   

ОНКОЛОГИЈА ЛИЧИ НА СЀ, ОСВЕН НА БОЛНИЦА Министерот Алиу најави крај на тендерските доцнења и на чекалниците без столчиња

      

Новиот министер за здраство, Азир Алиу, најави трансформација на здравствениот систем преку модел базиран на 5 столба. Ќе се изработи мапа на здравствени потреби по региони, ќе се воведе платформа за транспарентност и за следење резултати, ќе се вложува во обука на медицинскиот кадар и ќе се раздвојат менаџерските од клиничките функции. Финансирањето ќе се темели на резултати и на број на пациенти, а системот ќе биде дигитализиран и усогласен со ЕУ-стандардите.Новиот министер за здраство, Азир Алиу, на денешната прес-конференција во Владата рече дека ќе се заложи за здравствен систем базиран на 5 столба кои ќе го трансформираат здравството во поправеден и поефикасен сервис за граѓаните.
Алиу посочи дека ќе се фокусира на неколку клучни насоки, на спроведување на програмата 2024-2028, решавање на наталожените проблеми од изминатите години и на воспоставување нова култура на стратешко и долгорочно планирање во Министерството со акцент на Националните стратегии како суштински документ, со цел, како што посочи, да се изгради стабилен, политички независен здравствен систем.

Секој столб ќе го зајакне здравството
– За да ги реализираме овие цели, ќе градиме систем, базиран на 5 столба што ќе го трансфорираат здравството во поправееден и во поефикасен сервис за граѓаните. Ќе изградиме мапа на здравствени потреби по региони и по општини, што ќе покаже каде недостигат здравствени работници опрема или функционални центри. Со вториот столб – транспарентност и отчетност во здравтвените услуги – ќе креираме платформа за следење на перформансите на здраствениот ситем, секој граѓанин ќе има можност да види каде се третира побрзо, каде резултатите се најдобри и каде има потреба од унапредување. Третиот столб е професионален развој и зајакнување на човечките ресурси, секојдневно ќе го зајакнуваме обучувањето на лекарите и медицинските сестри и јасно ќе ги разграничиме клиничките од менаџерските услуги. Четвртиот столб е одржливо финанисирање и фокус на превенција. Ќе го напуштиме слепото финансирање, болниците ќе бидат поддржани според популацијата што ја покриваат и резултатите, што се постигнуваат, ќе ги следиме во реално време. Исто така ќе има и дигитализација која подразбира и поврзување со здравствениот систем на ЕУ – рече Алиу.

   

Најави национална програма „Порано подобро – превенцијата започнува со тебе“, со која секој граѓанин којшто има над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи за рано откривање дијабетес, кардиоваскуларни заболувања , хипертензија и други. Истакна дека ова ќе се спроведе на тој начин што ќе има онлајн платформа на којашто граѓаните ќе можат да се пријавуваат.
Кочани ќе биде во фокусот
Алиу воедно рече дека Кочани е во фокус на неговото работење и најави дека утре ќе оствари средба со директорката на болницата во Кочани, а во наредните денови и со граѓаните во Кочани, со цел да ги увиди нивните реални потреби.

– Дефинтивно Кочани ни е во фокус, има работна група во Владата, исто така, и ние имаме работна група во Министерството. Овие денови ќе бидеме во Кочани, нема да одиме на средби со новинари, туку одиме да се видиме со граѓаните и лично да ни кажат кои се нивните потреби. Утре имам и средба со диркеотрката на болницата во Кочани затоа ќе почнам од таму. Од прв ден видов дека како Министерство немаме работна група за менаџирање со кризни ситуации и веднаш креирав активности за тоа да се случи и ќе видите дека наскоро за месец дена ќе имаме работни групи за сите можни катастрофи – дали природни или предизвикани од човечки фактор, рече Алиу.

Во однос на петтиот, односно последниот столб, министерот оцени дека е централен и многу важен столб.
– Петтиот столб, кој е централен во здравствениот систем, е столбот за дигитализација. Тој е во сржта на секоја промена во која ја поставуваме технологијата како цел. Градиме целосен систем на електронско здравство, вклучувајќи електронска здравствена картичка, дигитални рецепти и упатувања, како и платформи за ефикасно поврзување на пациентите со лекарите – изјави Алиу.

Министерот додаде дека ќе бидат воведени меѓународни стандарди сѐ со цел, во иднина да се овозможиинтеграција со европската мрежа.
Новиот министер за здравство исто така најави брифинзи со новинари секоја среда, а секоја недела прес-конференции на кои ќе ги најавува следните активности.
Во однос на обвинувањата од неговиот претходник, Арбен Таравари, дека не е лекар, а дека ќе извршува функција на министер за здравство, Алиу истакна дека без разлика што не е лекар, може да придонесе во развој на здравствениот систем, бидејќи, како што рече, „јас нема да оперирам срце, туку ќе креирам систем во кој лекарите ќе можат да прават операција на срце, со соодветни материјали, апаратура и со простории“.

„Клиниката за онкологија личи на сѐ, само не на болница за такви пациенти“
Алиу најави дека ќе се дисперзираат базичните услуги за онколошките пациенти низ државава, онаму каде што и со закон можат да се дозволат.
– Ќе ги дисперзираме услугите, тие што се базични и што можат со закон да се дозволуваат ќе бидат достапни за граѓаните за најблиску каде што живеат. Но, од друга страна, мора да бидеме сигурни дека лековите, што треба да ги примаат, ќе бидат чувани во соодветни услови, така што целата програма ќе има услови за следење, односно „трекинг систем“ – рече Алиу.

Тој посочи дека како министер за здравство, се срами од инфраструктурните услови на Клиниката за онкологија.
– За жал, лично ја видов сликата таму, ако влезете во чекална на Онкологија тоа личи на сѐ, само не на Клиника којашто треба да лекува такви пациенти. Прво што најавувам е креирање на достоинствени услови за чекалните бидејќи таму нема ниту столчиња за седење. И сите треба да се срамиме со таква инфраструктура, а и јас како министер за здравство – нагласи Алиу.

Решение за недостигот на хормонска терапија за пациентите на Онкологија
Во однос на недостигот на таблетарната хормонска терапија за онколошките пациенти и до каде е процедурата, тој рече дека решението е 6 месеци пред истекот на договорот со постоечкиот тендер и компанија, секоја клиника да мора да го отвори и да го затвори тој процес.
– За жал процедурите се такви во државата што ако нешто се случува во процесот на тендерирање, ќе треба да се чека и ова ни беше една од точките како може да се надмине овој проблем и најдовме решение, решението е секоја клиника, секоја институција, да мора да го отвори и да го затвори тој процес 6 месеци пред истекот на договорот со постоечкиот тендер и компанија. Што ќе се случи, ако случајно во тој период, заради, еве како што ни се случи сега, заради икс причини, правни, или човечки или други фактори, да имаме време да се отвори тендерот уште еднаш и да не се појави тој недостиг на лекови кај пациентите, така што гледате дека лесно можат да се решаваат проблемите, само треба работа и волја – рече Алиу.

Тие што работат со години треба да имаат решен статус
Во однос на договорците на дело, министерот рече дека имал средба со директори на клиники на која било посочено дека сите се соочуваат со предизвици во однос на човековиот фактор – недостиг на кадар, лекари, медицински сестри и на техничари.
– Тие, што работат со години, нормално дека треба да имаат решен статус, додека, пак, за другите ќе отвараме процедури, но за тоа нормално ќе ни треба време, заедно со министерката за финансии, да го видиме и аспектот на финансии и на поддршка рече Алиу, одговарајќи на новинарски прашања.

Дигитализацијата е решение за многу проблеми
Во врска со случајот со гинекологот, кој правел бесплатен ПАП тест на пациентка на друго име, рече дека сигурно тоа не е единствен пример и решението го гледа во дигитализацијата.
– Тоа е жално, јас мислам дека тоа не е ни единствен случај, јас од првиот ден се заложив, еве ќе видите секоја недела ќе зборувам за дигитализација – без дигитализација општеството ќе тоне, вториот момент е намалување на човечкиот фактор. Во тој случај, замислете да имавме таков дигитален систем во кој секој лекар во систем ќе стави дека се процесира некоја интервенција, автоматски на СМС ќе му стигне порака за тој термин. Тогаш пациентот ќе беше информиран за тој несовесен доктор во реално време, а и ќе знаеше дека е дома додека на СМС добива порака дека е на лекар. И тогаш, ако некој доктор сака да злоупотреби, системот тоа нема да му го дозволи, истакна Алиу.

Парите од Велика Британија ќе се користат и за подобрување на здравството во другите градови
Во однос на новиот Клинички центар, што го најави премиерот Христијан Мицкоски, министерот истакна дека првин ќе се работи на мапирање.
– Во оваа фаза знаете дека со договорот со Велика Британија, ние, како Министерство за здравство, имаме 1 милијарда евра за инфраструктирни проекти. Освен тоа, имаме и други фондови кои во моментот ги анализираме, инфраструктурно ние мора да се екипираме, па затоа една од работите, што веќе ќе ги почнеме од понеделник, е мапирање – бидејќи не е само Клинички центар, туку и во другите градови имаме инфрасруктура која не е достојна за таков сервис за граѓаните, така што ќе имаме јасна слика која ќе биде јавно достапна и ќе има портал со мапирана инфраструктура – рече Алиу.Алиу беше министер за информатичко општество и администрација во 2023 и во 2024 година. Тој е дел од Алијанса за Албанците која остана во Вреди откако доскорешниот министер

   

Најново

БОГДАНОВИЌ: Деновиве актуелна тема по електронските медиуми е затворање на улиците во Дебар Маало за динамичен сообраќај и претворање на улиците во пешачки и велосипедски патеки

Sase Ivanovski

РУСИЈА Ѝ ПРЕДАДЕ УШТЕ 1.200 ТЕЛА НА УКРАИНА Москва не добила ниеден загинат руски војник за возврат

Sase Ivanovski

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

Sase Ivanovski

406 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, МЕЃУ НИВ И 14 НУКЛЕАРНИ НАУЧНИЦИ Главниот град Техеран е честа мета на удари

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент го одобри договорот за стратешко партнерство со Русија

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција сака да биде посредник во решавањето на спорот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Шефот на иранската разузнавачка служба убиен во израелските напади

Sase Ivanovski

Германската полиција ќе користи алтернативни оружја против вооружени напаѓачи

Sase Ivanovski

Во завршна фаза проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Македонија

Sase Ivanovski

Асистентот на Диди откри што му купувал на раперот за „кралските ноќи“: Кондоми, лубриканти, мед…

Sase Ivanovski

Демонстрации против Израел во Хаг и Брисел

Sase Ivanovski

Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху

Sase Ivanovski

ТАЈНАТА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ БИЛО ДА ЈАДЕМЕ ЈАЈЦА, МРСНА МОРСКА РИБА И МНОГУ КАФЕ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СРАМОТА Е ДА СЕ РАДУВАМЕ НА БОМБИТЕ ШТО ПАЃААТ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ЈА ПРАШАА НА ФЕЈСБУК ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Sase Ivanovski

Израелците соборија ирански ракети надвор од атмосферата вечерва, погледнете го видеото

Sase Ivanovski

За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница, вели директорката

Sase Ivanovski

ИРАН: СОБОРИВМЕ ИЗРАЕЛСКИ Ф-35

Sase Ivanovski

НАМЕСТО ДА ГИ КРЕНЕ ТРКАЛАТА, ТОЈ СЕ ФАТИЛ ЗА РАЧКАТА ЗА ПРОДОЛЖЕНИТЕ КРИЛА: ФАТАЛНА ГРЕШКА НА КОПИЛОТОТ НА ИНДИСКИОТ АВИОН НАЈВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА НА ЛЕТОТ ЗА ГЕТВИК

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ: НАПАДОТ НА ИЗРАЕЛ НАД ИРАН ЌЕ И ПОМОГНЕ НА РУСИЈА ПОРАДИ РАСТОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Sase Ivanovski

ВО УКРАИНА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РУСКИОТ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ЕГЗЕКУЦИЈА НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИ, МУ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА

Sase Ivanovski

Магдебург ја освои титулата во ракометната Лига на шампионите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

Sase Ivanovski

Доминација на македонскиот кајакар Ане Петрушевски во Европскиот куп

Sase Ivanovski

Гатузо како селектор на Италија ќе дебитира против Естонија

Sase Ivanovski

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков од Меѓународната научна конференција за ЕУ во Дубровник: Патот до ЕУ не е лесен, да покажеме дека припаѓаме во Европа

Sase Ivanovski

Ројтерс: Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Sase Ivanovski

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетници ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Sase Ivanovski

Полицајци нападнати во кафуле во 3 часот по полноќ

Sase Ivanovski

Проданоски: Владата направи меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток временски период

Sase Ivanovski

КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања 2024–2028, наоди од првата година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Општината обезбеди нови ПП апарати за сите училишта и градинки

Sase Ivanovski

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Sase Ivanovski

Дмитриев: Русија би можела да стане посредник меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Интервју со Наташа Бојчева, ветеринарка: Бричењето на крзното во лето може да му наштети на кучето

Sase Ivanovski

ИНЦИДЕНТ ВО ТЕТОВСКО: Meчка нападнала домашни животни, едното го изела, другото е повредено

Sase Ivanovski

НА ВЕЧЕРА СО СЕМЕЈСТВОТО ПОКРАЈ БАЗЕН: Градоначалникот на Гази Баба го прослави својот роденден

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОРАКА ДО МЛАДИТЕ МАЖИ: 10 ЛАГИ ЗА ЖЕНИТЕ КОИ НЕ УЧАТ ВО ФИЛМОВИТЕ, ПЕСНИТЕ, МЕДИУМИТЕ…

Sase Ivanovski

Мицевски: Фрапантно е како ЈО молчи за аудито од 130 илјади евра на Филипче, а за ист случај веќе има отворено постапка за Пеце Мирчевски

Sase Ivanovski

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули

Sase Ivanovski

(Видео) СДСМ: Без одговорност на Тошковски и Јанев – нема правда за Кочани

Sase Ivanovski

Кирков: Хоророт во Скопје ЗОО и натаму продолжува

Sase Ivanovski

ОЈО ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Алиу открил 57 предизвици во здравството, фокус на онкоболните пациенти

Sase Ivanovski

Алиу најави: Секој граѓанин над 40 години ќе има право на бесплатни прегледи

Sase Ivanovski

ИРАН ГО ЗАМОЛИЛЕ КИПАР ДА ПРЕНЕСЕ ПОРАКИ ДО ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ИДФ: Бараж ирански ракети пресретнати во северен и централен Израел

Sase Ivanovski

Индекс: Јадранoт преполн со „ничии“ банкомати што наплаќаат огромни провизии

Sase Ivanovski

Татковците во Македонија слабо си играат со децата

Sase Ivanovski

Израел го бомбардираше аеродромот Мехшед во североисточен Иран

Sase Ivanovski

ВИДЕО Нетанјаху го посети нападнатиот град, толпата му ја пееше „Биби, крал на Израел“

Sase Ivanovski

Албанската Влада го усвои договорот со Србија за социјално осигурување

Sase Ivanovski

Жителите на „Марко Крале“ во Бутел со денови се гушат во смрдеа од ѓубре

Sase Ivanovski

ПУТИН ЧУВСТВУВАЛ ДЕКА КОНФЛИКТОТ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ТРЕБА ДА ЗАВРШИ Трамп се согласил, но му рекол дека и војната во Украина треба да заврши

Sase Ivanovski

ТЕХЕРАН ЌЕ ЈА ПОЧУВСТВУВА СИЛАТА НА ИЗРАЕЛСКАТА РАКА Нетанјаху најави жестока одмазда, Израел нападна објект на иранското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski

Мерц: Не смее да му се дозволи на Иран да има нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

Трамп: Наскоро ќе има мир меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

Затворска казна за четворица обвинети за пожарите во близина на Атина во 2018 година – задоволство кај семејствата на жртвите

Sase Ivanovski

Нордиските и балтичките земји идни лидери на ЕУ

Sase Ivanovski

Петрушевски: Апсењата на ЈО во случајот Кочани се на база на документацијата од МВР, обврска да постапува и презема дејствија е исклучиво на ЈО

Sase Ivanovski

Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: Целиот имот на Филипче е уредно и транспарентно пријавен во анкетните листови

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач од дебарско, управувал возило со 2,69 промили алкохол во крвта 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Поранешниот претседател Стево Пендаровски учествуваше на 20тиот јубилеен Глобсек форум, кој се одржува во Прага, Чешката Република, под наслов “Управување (со) хаосот: Време е Европа да истапи напред”

Sase Ivanovski

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс, граѓаните бараат правда и затвор за убијците на животни

Sase Ivanovski

Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања

Sase Ivanovski

Шестата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“

Sase Ivanovski

Таксист му зел 7.800 денари на Швајцарец од Центар до Средно Водно

Sase Ivanovski

Ѓоргиевски се жали: Властите во Македонија испраќаат порака до сите Бугари дека секој го очекува ова

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицевски со коментар на барањата на СДСМ за кривична и политичка одговорност на Тошковски, Јанев, Мицкоски: СДС за одговорност прво нека се обрати кај Филипче, Заев, Спасовски, Ахмети, сега има правда која се темели на наоди на институции кои работат слободно

Sase Ivanovski

Уште се трага по убиецот на американската претставничка од Минесота и нејзиниот сопруг – ФБИ понуди награда

Sase Ivanovski

РУСИЈА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ УКРАИНА СО 200 ДРОНОВИ И РАКЕТИ Киев цела ноќ соборувал „кинжали“, „искандери“ и беспилотни летала

Sase Ivanovski

Митева и Лефков: Направивме увид на одмoралиштето Пониква, кое станува рехабилитациски центар

Sase Ivanovski

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Sase Ivanovski

Направиле покрив на училиште во Богданци што при земјотрес може да им падне на глава на учениците

Sase Ivanovski

Кочани ни е во фокусот – ќе почнам оттаму, вели новиот министер за здравство

Sase Ivanovski

Герасимовски: Есенва симболот на Центар ,,КК Работнички” ќе игра во нова современа сала

Sase Ivanovski

Каракачанов: Додека Владата на Мицкоски е на позиција, Бугарија треба јасно да изјави дека во случај на уште еден антибугарски настан, ќе стави вето

Sase Ivanovski

Расте бројот на жртви во Израел по иранскиот напад, лидерите на Г7 на итен состанок во Канада

Sase Ivanovski
Вчитувам....