Флечер рече дека пет камиони со помош влегле во Газа вчера, но ова го опиша како „капка во океанот“ и тотално несоодветна количина за потребите на населението. ОН предупредува дека во следните 48 часови 14.000 бебиња во Газа може да умрат бидејќи немаат храна, објави „Гардијан“. Том Флечер, шефот за хуманитарни прашања, зборуваше во програма на Радио 4 на „Би-Би-Си“, за недоволната количина на помош што Израел ја дава во Газа. Меѓународниот притисок поради претстојниот глад го принуди Бенјамин Нетанјаху во неделата навечер да објави дека ќе ја олесни разорната 11 неделна блокада на помошта за да се спречи „криза на глад“ во Газа, но само на минимално ниво.
Флечер рече дека пет камиони со помош влегле во Газа вчера, но ова го опиша како „капка во океанот“ и тотално несоодветна количина за потребите на населението. Тој рече дека камионите со хуманитарна помош, кои содржат храна за бебиња и исхрана, технички се во Газа, но не стигнале до цивилите бидејќи се од другата страна на границата. „Сакам да спасам колку што можеме од овие 14.000 бебиња во следните 48 часа“, изјави тој. Извор: Новинска агенција МЕТА