Адвокатот Сашо Дукоски во својата објава на ФБ жестоко ги критикува обвинителите од Кочани за правна грешка – поднеле жалба на одлука што веќе е правосилна, што значи дека нема право на понатамошна жалба. Според него, ваков чекор покажува правна неписменост, бидејќи законот не дозволува „трето ниво“ на жалбена постапка. Дукоски истакнува дека Апелациониот суд во Штип исправно ја отфрлил жалбата како недозволена и се чуди како обвинителите воопшто помислиле дека можат да ја поднесат. -Значи ова што че го напишам нема ама баш никаква врска со политика! Никаква, да не се недоразбираме!
Само стручен коментар согласно Законот за кривична постапка! Колку треба да си правно неписмен и нестручен како обвинител во Кочани да пишеш жалба на второстепено решение кое е правосилно,односно на одлука по жалба на судија на претходна постапка по кој одлучува кривичен совет на судот во Кочани! Значи,таа одлука е правосилна и…крај! Нема право на трета инстанца ,оооо вие „вични обвинителски капиталци„ Како бе ќе воведувате тростепеност во жалбена постапка, м, како? Нормално дека ќе ви се отфрли жалбата како недозволена затоа што немате право на таков правен лек по одлуката на кривичниот совет на судот во Кочани! Или се уплашивте што ќе помисли јавноста ,па ај,да си поднесам жалба!!! ЦЦЦЦЦ, кои правни капиталци,па,па,па… Повторувам, нема врска ова со политика, има со правна неписменост. Во право е Апелациониот Суд во Штип кога ги отфрла жалбите како недозволени! Мене би ми било срам некој да ми отфрли жалба како недозволена. Ама не и на капиталциве од обвинители од Кочани!, посочува во објавата на ФБ.