41.8 C
Скопје
26/06/2025 15:28
МАКТЕЛ

   

Опасна игра на давеници

      

Случајот со повреденото бебе се затвори како обично недоразбирање, но истовремено тој отвори низа прашања за начинот на кој медиумите известуваат за сензитивни теми, како и за начинот на кој политичките партии ги градат и пласираат политичките пораки.

Иако обвинувањата дека медицинска сестра намерно повредила 3-месечно бебе на национална основа се затвори како обично недоразбирање, тоа истовремено отвори многу прашања. Прво, ова претставува пример за еклатантно кршење на професионалните и етички стандари од страна на медиумот кој ја објави ваквата неточна информација во сензационалистички манир, презентирајќи ја ударно само едната страна на приказната, без да се чуе и другата страна и да се направи синтеза на двете верзии според принципите на рамноправност, неутралност и објективност. Покрај тоа, се покажа дека политичките актери во трката за политички поени се спремни дури да злоупотребат и дете, при што крајно несоодветна реакција имаше ДУИ, која очигледно ќе ги засилува штетните наративи врз меѓуетничките односи како наближуваат локалните избори, кои ќе бидат второ полувреме од нивната битка со ВЛЕН. Ако токму по локални избори заминаа во политичка пензија Црвенковски, Груевски и Заев, дали истата судбина го чека и Ахмети? Пишува: Влатко СТОЈАНОВСКИ

Од крајно сериозни обвинувања за физичко насилство врз 3-месечно бебе, до несакано недоразбирање – вака заврши приказната која настана откако семејство обвини медицинска сестра дека го повредила нивното бебе, бидејќи наводно и сметало тоа што бебето било од албанско семејство. Притоа, ваквата верзија осамна во јавноста и предизика неумесни реакции од албанскиот политички фактор.

   

Овој случај има 2 димензии. Прво, тоа е непрофесионалниот третман на темата од страна на медиумот, каде првично беше публикувана. Иако се работи за сензитивна тема, од причина што инволвирано е бебе врз кое наводно било извршено насилство, и тоа мотивирано на верска или национална основа, првичната верзија на семејството и нивните обвинувања се пренесени безпоговорно и сензационалистички.

Имено, факт е бебето со видливи рани или повреди, но во првата фаза никако не можело да се констатира како настанале тие повреди. Дури откако јавно излезе тврдењето на семејството дека медицинската сестра го повредила бебето бидејќи таа била Македонка, а тие Албанци, се најави формирање на комисија која ќе го испитува случајот и допрва ќе ги утврдува сите аспекти и околности.

Арно ама, јавноста генерално имаше свој став и суд за настанот, бидејќи веќе беше мобилизирана од страна на обвинувањата со емотивен набој на семејството преку медиум, кој првично требаше да ја објави основната информација дека има повредено бебе на Детската клинија, но не и веднаш да одговори на новинарското прашање „зошто“. Зошто настанале повредите?

Со оглед дека одговорот на ова прашање се дава од страна на семејството, а не од страна на независен орган или трета страна, морало да се пристапи внимателно. Односно, имајќи ја во предвид специфичноста на случајот, поради тоа што станува збор за повредено бебе, а воедно има и националистички тон, морало да се побара и втората страна и да се обезбеди таа верзија од приказната, макар и ако за тоа морало да се почека ден-два.

Во ваков случај, кога обвинувањето на семејството и реакцијата на обвинетата мединска сестра не се синтетизирани врз база на принципите на рамноправност, неутралност и објективност, туку се зема „здраво за готово“ едната страна и таа се пласира ударно и резолутно, во најмала рака, имаме неетичко известување, дури и со елементи и на пропаганда и поттикнување говор на омраза.

Откако на крај се испостави дека немало никакво (намерно) насилство врз бебето, туку дека случајот бил производ на недоразбирање, се поставува прашањето кој и како ќе ја надомести штетата врз кредибилитетот и угледот на неправедно обвинетата медицинска сестра? И второ, а можеби и побитно, како ќе се санираат штетите врз меѓуетничките односи, поради исклучително опасниот националистички наратив од партиските кујни?

Како што е веќе познато, министерот за здравство Арбен Таравари веднаш, без да ги разгледа сите детали за настанот, реагираше со афирмативен пристап кон првичните обвинувања на семејството кон медицинската сестра, кои на крај се покажаа неточни. Сепак, на тој начин, Таравари од позиција на министер и даде одреден легитимитет на таа лажна или нецелосно точна информација, која го распламти и меѓуетничкиот оган.

Ако првично се прашувавме што му требаше такво брзоплето однесување на Таравари, кој инаку важи за умерен и одмерен политичар, за многу брзо ни се разјасни, откако ја видовме жестоката реакција на опозициската ДУИ. Поточно, партијата на Али Ахмети го осуди, како што соопштија од таму, скандалозното однесување од етнички причини од страна на медицинскиот персонал на Детската клиника.

Дополнително, според „интегративците“, тоа „неприфатливо и нечовечно однесување е последица на политичката немоќ на поразените на изборите кои секојдневно ги понижуваат Албанците“. Со други зборови, освен што ДУИ тврди дека имало насилство врз бебе од етнички причини, што испадна лага, дури и обвинува дека тоа се случило поради тоа што во владата не се тие, туку таму се ВЛЕН, иако ги загубиле изборите?!

Едноставно, посмешна и подегутантна експликација и аргументација на една мејнстрим политичка партија немало во последно време. Она што е уште полошо, ваквите тенденциозни наративи, кои гледаме дека се градат дури и преку злоупотреба на деца, ќе продолжат и во следниот период и се очекува да кулминираат во пресрет на следните локални избори, на кои ќе се одлучува за судбината на ДУИ, барем во ваков состав и формат.

Нема дилеми дека локалните избори ќе бидат второто полувреме од пресметката меѓу ДУИ и ВЛЕН. Ако ДУИ успее да победи, тогаш може да се врати на голема врата и да ги засили притисоците врз, условно кажано, албанскиот дел од владата. Ако ВЛЕН стана дел од власта со помалку гласови и пратеници од Европскиот сојуз предводен од ДУИ, тогаш тешко ќе може да „преживее“ и јасен, чист и убедлив пораз на локалните избори.

Но, од друга страна, што ако ВЛЕН победи на локалните избори, а на добар пат е тоа да го стори во сите големи центри со албанско доминантно население (Тетово, Гостивар, Чаир…), бидејќи таму и сега самостојно се силни, додека значајна додадена вредност ќе им бидат и етничките Македонци, кои претежно инклинираат кон ВМРО-ДПМНЕ, нивниот коалициски партнер? Ако кандидатите на ВЛЕН триумфираат, тогаш ДУИ дефинитивно го чекаат долги години во опозиција.

Автоматски, ваков епилог ќе ја турне партијата во процес на длабоки реформи од структурен, организациски, па и кадровски карактер. Тоа не мора да значи и брза лидерска смена, меѓутоа и тоа ќе дојде на дневен ред – заминување на Ахмети и избор на негов наследник. Во минатото, Бранко Црвенковски, Никола Груевски и Зоран Заев заминаа во политичка пензија токму по локални избори, па дали локални избори ќе бидат кобни и за Ахмети?

Ако во перидот 2016/2017 се создаде една атмосфера сите да се свртат против ВМРО-ДПМНЕ, сега таков амбиент се создаде против ДУИ, која освен што против себе обедини дека широк фронт предводен од ВМРО-ДПМНЕ, против нив се и делови на СДСМ, додека останаа без поддршка и на меѓународната заедница, чии официјални претставници ја сметаат актуелната влада за легитимна, бидејќи, меѓу другото, имала и етнички диверзитет.

Оттука, ДУИ ја чекаат тешки денови и партиското раководство е свесно за тоа, па се обидува да го радикализира јавниот дискурс. И, не е проблематично кога тоа се прави за политички теми и прашања, но кога се злоупотребува и случај со повредено бебе, особено кога таков случај бил повеќе конструкција отколку реалност, тоа е опасно за меѓуетничките односи. Токму оваа ризична игра на политички давеници е аматерска, а не тоа што многумина го критикувале непрофесионалното објавување и манипулативното преземање на сторијата за „претепаното“ бебе, што на крај се сведе на обично недоразбирање.

   

Најново

ФИЦО ГО КОЧИ БРИСЕЛ ЗА САНКЦИИТЕ КОН МОСКВА Словачка не се откажува од руски гас ни по 2028 година

Sase Ivanovski

ПУТИН ПЛАНИРА НАПАД, ЈОНГ УН ЌЕ МУ ПРАТИ ВОЈНИЦИ Што ќе добие севернокорејскиот лидер за возврат?

Sase Ivanovski

КИЕВ ЈА СОПРЕ ОФАНЗИВАТА НА КРЕМЉ ВО СУМИ Околу 50.000 руски војници прераспоредени на северниот фронт, тврди шефот на украинската војска

Sase Ivanovski

НЕЗАВИСНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ НАЈДАТ НА ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ И БЕЗ ПОТПИСИ АКО НЕ СЕ ИЗМЕНИ ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК?! Гаши очекува да се утврди прагот за собрани потписи на задоволство на сите

Sase Ivanovski

УСТАВНИОТ СУД ГИ УКИНА ОДРЕДБИТЕ РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ Оваа одлука нема да важи за пописот од 2021 година

Sase Ivanovski

ПОЧНУВА ЛЕТНИОТ РЕЖИМ ЗА ВОЗЕЊЕ КАМИОНИ ПО АВТОПАТИТЕ За викенди и во жешки денови има посебен распоред

Sase Ivanovski

СДСМ И ФИЛИПЧЕ ГРАДАТ СОПСТВЕНА СРЕЌА НА ТУЃА НЕСРЕЌА Тоа народот го гледа и ќе го казни, порача Мицевски

Sase Ivanovski

ОХРИЃАНЕЦ ЌЕ ГО ВОЗИ „МЕРЦЕДЕСОТ“ ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Не му е првпат да освои вредна добивка

Sase Ivanovski

ШАХОВСКА МАКЕДОНИЈА ВО ЦРНО Почина ФИДЕ мајсторот Љубомир Илиќ

Sase Ivanovski

Андоновски: Сите потребни услуги граѓаните можат да ги добијат со еден клик 

Sase Ivanovski

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%, тоа е понижувачки

Sase Ivanovski

КУЗЕСКА: Распад на системот, Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар ова лето ќе пулсира со концерти, мурали и детска програма

Sase Ivanovski

Герасимовски: Почнуваме да ги спроведуваме предлозите што ги бараат центарци од маалските средби

Sase Ivanovski

Жерновски: По една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ Македонија ја живее најлошата економска состојба

Sase Ivanovski

Стојаноски: Со чесна и напорна работа успеавме да станеме една од водечките економии во Европа, ги поставуваме темелите на една горда Македонија

Sase Ivanovski

Петрова: Дигитализацијата е патот за праведно оданочување и борба против даночната евазија и сивата економија

Sase Ivanovski

Марковска Илиевска: Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да учествува во јавниот линч на жената односно членот на Управниот одбор во ЈП Комунална хигиена

Sase Ivanovski

Кочоска: Владата предводена од претседателот Мицкоски навистина успеа за три последователни квартали да обезбеди стапка на раст од 3%

Sase Ivanovski

Марковска Илиевска: Погрешен ви е дневниот ред-Советот на Град Скопје не може да го разреши претседателот на Управниот одбор на ЈП Комунална Хигиена–Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, над 1 милијарда и 255 милиони евра странски инвестиции за поквалитетен живот на граѓаните

Sase Ivanovski

Мицкоски: Од уназадена и обезличена Македонија креираме Македонија која е повторно ваша, порача Мицкоски од Прилеп и најави две нови економски мерки

Sase Ivanovski

Спасовски: Една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е понижена и уназадена

Sase Ivanovski

ТРАМП СО ЈАВНО ОБРАЌАЊЕ ОД НАТО САМИТОТ Им се заблагодари на Холанѓаните и ја пофали американската армија

Sase Ivanovski

НАТО БАРА, НИЕ ДОСТАВУВАМЕ Македонија ќе вложува повеќе за појака Армија, вели Мисајловски

Sase Ivanovski

Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково

Sase Ivanovski

Tesla со пад од 40,5% во продажбата на електрични возила во ЕУ споредбено со лани

Sase Ivanovski

Лицето и опачината на дипломатијата

Sase Ivanovski

Велешанец тешко повреден при пад од мопед

Sase Ivanovski

Уапсени шест лица осомничени за планирање насилна промена на власта во Србија

Sase Ivanovski

Адвокатот на таткото на Вања вечерва откри: Александар е убеден дека Палчо е лицето кое ја убило неговата ќерка

Sase Ivanovski

Момче од Македонија се удави на Халкидики

Sase Ivanovski

Димитриеска Кочоска: Со задолжувањето од Унгарија заштедивме многу пари, бидејќи е со исклучително ниска каматна стапка

Sase Ivanovski

Вчера имаше прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: ТЕЗАТА на бугарскиот претседател Радев, дека постоењето на вековен македонски јазик и идентитет е навредливо за над 2 милиони Македонци во Бугарија и останати етнички заедници во Македонија, колку е налудничава, толку е точна!

Sase Ivanovski

Потпишан е договорот за формирање на Специјалниот трибунал против Русија

Sase Ivanovski

САД ја продолжија вонредната состојба во Западен Балкан за уште една година, почнувајќи од утре

Sase Ivanovski

Момче од Македонија се удави на Халкидики

Sase Ivanovski

На денешен ден – 26 јуни: Починал Жозеф Моголфие, кој го конструирал првиот аеростат-воздушен балон наполнет со топол воздух

Sase Ivanovski

Адвокатот на таткото на Вања откри: Александар е убеден дека ова е лицето кое ја убило неговата ќерка

Sase Ivanovski

Бред Пит проговори за своето сексуално искуство со мажи: Малку доцнам…

Sase Ivanovski

(ФОТО) Каде ќе летуваат Македонците летово?

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево и многу топло, температурата ќе достигне 41 степен

Sase Ivanovski

Иранската „монструозна ракета“ ја открива Ахиловата пета на Израел

Sase Ivanovski

Зеленски: Му ја објаснив ситуацијата на бојното поле на Трамп, Путин дефинитивно не победува

Sase Ivanovski

Змија касна жена во Словенија, починала пред да стигне во болница

Sase Ivanovski

Руте: Ништо не е променето, НАТО останува посветен на Западниот Балкан

Sase Ivanovski

РУСИЈА ОФИЦИЈАЛНО ИМА ГРАНИЧНО ПОРЕМЕТУВАЊЕ НА ЛИЧНОСТА – БПД: Медведев: ЕУ се претвори во вистински непријател на Русија

Sase Ivanovski

Во Грција уапсени 39 лица за трговија со антиквитети

Sase Ivanovski

ИМАЛО КУРТУЛ Пеколно уште некој ден, најавено невреме со заладување

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ Јанев на Генерално собрание на Асоцијацијата на шефови на полиции од Југоисточна Европа

Sase Ivanovski

Бугарскиот премиер: Целта на Северна Македонија е членство во ЕУ, а не освојувaње на Вавилон

Sase Ivanovski

Бојковски: Скопје се дави во ѓубре и тоа е поважна тема од јавниот линч што го правите против претседателот на Управен одбор на Комунална Хигиена

Sase Ivanovski

ИЗРАЕЛЦИТЕ СЕ ОПАСНИ: Иран со најмалку 627 загинати и 4.870 повредени во 12-дневниот конфликт со Израел

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ОХРИД ИМА БРАТ БЛИЗНАК – КАВАЛА ВО ГРЦИЈА

Sase Ivanovski

ТЕШКО НА СВЕТОТ АКО РАШИСТИТЕ ТРЕБАШЕ ДА ГО СПАСУВААТ ОД ВОЈНА – ЧАСОВНИКОТ НА СУДНИОТ ДЕН ОТЧУКУВА, А РУСИЈА СЕ ОБИДУВА ДА ГО ВРАТИ ВРЕМЕТО Кремљ сака да спречи нуклеарна катастрофа, вели Лавров

Sase Ivanovski

НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ГОГА Е НА ТАПЕТ

Sase Ivanovski

ЛАЈКА: Се зголемува бројот на напуштени кучиња на територија на гробиштата Бутел – неодговорното сопствеништво создава сериозни последици

Sase Ivanovski

Чим Мелони не превртува со очи значи добро им оди муабетот, Тимчо за нив двете е Шекил Онил

Sase Ivanovski

ТУРЦИТЕ ЈА ПРЕГАЗИЈА И ИТАЛИЈА И СЕ НА ПАТ ДА НАМЛАТАТ МНОГУ ПАРИ: Турција е на четврто место во светот според број на туристи

Sase Ivanovski

Иран: Најмалку 627 луѓе загинаа во израелските напади за време на 12-дневниот конфликт

Sase Ivanovski

ЕУ гарантира дека ќе овозможи кредити од 60 милиони евра за одржлив раст на малите бизниси во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова во Хаг оствари средби со претседателот на Чешка и со премиерите на Естонија и Белгија

Sase Ivanovski

НЕМИРНА НОЌ ВО ОХРИД Нов земјотрес ги разбуди охриѓани

Sase Ivanovski

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ ОД ТРУЕЊЕ СО ХРАНА НА ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ? Агенцијата за храна апелира во жешките денови да се внимава на животните и милениците

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова од Хаг повика да се деблокира процесот на проширување на ЕУ

Sase Ivanovski

Руте: Новиот инвестициски план на НАТО ќе поттикне квантен скок во колективната одбрана

Sase Ivanovski

Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте

Sase Ivanovski

Видео: Гаф на Сиљановска потпретседателот на САД наместо Џеј Ди Венс го нарече Диџеј Венс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ РАСПАЛИ: Тоа што Русија и го прави на Украина, тоа Бугарија ни го прави на нас!

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши од Желино: Нова енергија и 40 милиони евра за локалната економија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство 

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЛИУ: Докторите се радуваат што ќе се паркираат во Лимак затоа што имаа скапи коли и никој нема да им ги изгребе

Sase Ivanovski

Мицкоски: Очекуваме до милион и пол туристи во Македонија, туризмот го движи економскиот раст 

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Реализирани се 11 проекти во Клиниката за детски болести во делот на инфраструктурата и набавка на модерна медицинска апаратура

Sase Ivanovski

ПОЛСКАТА ВЛАДА ДОНИРАШЕ 29.000 ЕВРА ЗА НОВИ СЕДИШТА ВО ТЕАТАР КОМЕДИЈА

Sase Ivanovski

СДК: ИЗВРШИТЕЛИ ВЛЕГОА ВО КУМАНОВСКА „ЧИСТОТА“ ПОРАДИ ДОЛГ ОД 200.000 ЕВРА КОН ВРАБОТЕНИТЕ, ПОПИШАНО И БИРОТО НА ДИРЕКТОРОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СИЉАНОВСКА: Трамп беше импресиониран од мојата забелешка дека тој е новиот Џон Ф Кенеди, ЏД Венс вети дека ќе ја посети Македонија

Sase Ivanovski

Во тек е постапката за купување на 110 електрични автобуси

Sase Ivanovski

Секој петок средба на Алиу со граѓани – закажувањето ќе се врши преку веб-страницата на Министерството за здравство

Sase Ivanovski
Вчитувам....