Пожар денеска избувнал во барака на улицата „Самоилова“ број 30 во Скопје. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот бил пријавен преку бројот за итни повици 112.
– На терен веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), кои ги преземаат сите потребни мерки за гаснење на пожарот, соопшти ЦУК.