Откако е имплементирана новата ЛЕД – технологија која се применува во рамки на уличното осветлување на целата територија на локалната самоуправа, Општина Карпош бележи големи заштеди во поглед на намалување на трошоците за електрична енергија, информираат оттаму. Од 2021 година кога Општината за оваа намена трошела месечно од 134.000 до 207.000 kw часови, со инсталирање на новата технологијa драстично се редуцирале трошоците за јавното осветлување.
Споредбено, за месец април 2021 година кога биле потрошени 178.590 kwh, благодарение на новата лед – технологија истиот месец во 2025 година за улично осветлување се потрошени само 49.228 kw часови. Тоа значи дека локалната самоуправа инвестирајќи во новата технологија од 2021 до 2025 година ја намали потрошувачката на електрична енергија за цели 73%, велат од Карпош. Од Општината велат дека заштедата на финансиските средства, кои се одвојуваа за плаќање на сметки за електрична енергија ќе џсе пренасочат за други потреби кои се во интерес на карпошани.