Денеска во името на општина Куманово градоначалникот Максим Димитриевски потпиша Меморандум за соработка со Арјета Алиу, генерален директор на “Digital school Macedonia”. Денешното потпишување е во интерес на унапредување на дигиталната писменост, технолошкото образование и развој на младите. Заедничка цел е воспоставување рамка за соработка помеѓу двете страни за реализација на програми, обуки и активности од областа на информатичка технологија, дигитализација и едукација на младите и административниот кадар. На средбата беше истакната добра волја и определба за заедничка соработка, која ќе вроди со плод.

