„Ќе се отстранува крстот на ‘Кодра е диелит’ ( Попова Шапка – заб.прев.)‘ – најави првиот човек на Општинскиот инспекторат во општина Тетово Садат Сулејмани. Тој вели дека има одлука да се урне крстот заедно со 5 илјади други објекти, без да уточни кога.“
Оваа информација ја објави ТВ 21, која натаму пишува: „Итна беше и реакцијата на ДУИ во Тетово. Од ДУИ велат дека поставувањето на крстот на ‘Кодра е диелит’ (Попова Шапка) е координирано политичко пазарење меѓу Беса и ВМРО-ДПМНЕ. ‘Ги повикуваме овие две партии, кои ја водат општина Тетово, да ги решат прашањата, за кои имаат потреба граѓаните, а не да играат ниски игри, за да креваат вештачка напнатост, заради некаква политичка корист.’ – велат од огранокот на ДУИ во Тетово.“
„После тоа реагираше Движењето Беса, од каде што нагласуваат дека сегашната власт и ДУИ не прават криминал само со финансиски изнуди од народот, туку и манипулирајќи со дезинформации и играјќи со етничките и верските чувства на граѓаните. ‘Ги повикуваме ДУИ, нејзиниот лидер и министри да не се кријат, туку слободно да поставуваат камен-темелници на секој крст, што се гради. На сите овие акробации на оваа власт наскоро ќе им дојде крајот, бидејќи граѓаните едвај чекаат да ги казнат со гласањето на изборите следната година.’ – изјави Љуљзиме Амети, портпаролка на Беса.“
„Крстот на „Кодра е диелит“ (Попова Шапка) беше поставен на 16 ноември. Иако е поставен без дозвола, од општината подоцна соопштија дека постојат можности да се легализира.“
Инаку, пред два дена уследија нови реакции на Албанците, откако беше поставен православен крст во една населба во Куманово. „Немојте да нè провоцирате со овие крстови!“ – гласеше една од тие реакции, кои ги пренесе информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
ИНА имаше објавено: „Џиновски крст е поставен на влезот на пазарот за стари работи во населбата Коњаре во Куманово. Веста беше споделена со различни коментари од граѓаните. Реагираше и поранешниот војник на УЧК Дритон Исени преку фејсбук: ‘Немојте да провоцирате со овие крстови! На погрешна адреса го правите тоа, и 50 нема да не спречат!“ На фејсбук се огласи и поранешниот општински советник Осама Муадини: ‘Кој и каква потреба имаше да се постави овој крст?! На кој имот и со чија дозвола е поставен овој крст? Дали Општината дала дозвола за тоа и со чии пари е поставен тој?“