Општина Центар денеска спроведе вонреден инспекциски надзор на Кеј „13 Ноември“, при што сите угостителски објекти кои узурпираа јавен простор со нелегална урбана опрема беа казнети. Гласна музика во доцните часови, фрлање отпад и незаконско заземање на јавен простор – повеќе нема да се толерира!
Угостителите имаат рок до 1 април да склучат договори за управување со отпадот. По овој рок, ќе следуваат санкции за сите што не ги почитуваат прописите! Контролите ќе продолжат! Ги повикувам сите угостители да ги исполнат своите обврски на време, бидејќи законите важат за сите!
View this post on Instagram