Општина Центар информира дека во текот на вчерашниот ден, по пријава од страна на жителите, општинските служби го имаат подигнато сметот на улицата Васил Ѓоргов спроти Биотек. „Вчера, нашите општински служби го исчистија сметот на улицата Васил Ѓоргов спроти Биотек. По пријава од центарци, веднаш излеговме на терен и го исчистивме отпадот којшто е под надлежност на Град Скопје.
Дополнително, со механизација на општината се подигна сметот и во населбата Кале. Веќе еден месец, интензивно секој ден, во две смени ги чистиме улиците во Центар за да ја подигнеме хигиената на повисоко ниво. Ги повикувам сите граѓани да пријавуваат смет и диви депонии на следните телефонски броеви 076/350-767 и 02/3203-693. Центарци заслужуваат чиста општина. Центар не чека, Центар чисти“, истакнува Герасимовски. Кампањата „Центар не чека, Центар чисти“ почна пред еден месец, откако Комунална хигиена потфрли во одржувањето на хигиената на улиците кадешто има надлежност.