Од претпријатието јавно го прашуваат градоначалникот Ганиу каде завршува отпадот што го собира општината, бидејќи, како што тврдат, не постои склучен договор со депонијата Дрисла, единствената санитарна депонија за градот. Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје обвини дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, продолжува со напади кон претпријатието, иако, како што велат од таму, тој е директно инволвиран во последниот случај на противправно собирање отпад. „Во најновиот скандал, поради незаконско исфрлање и собирање смет, Министерството за внатрешни работи одзеде возило поврзано со активностите што ги организира општината Чаир“, наведуваат од Комунална хигиена.
Од претпријатието јавно го прашуваат градоначалникот Ганиу каде завршува отпадот што го собира општината, бидејќи, како што тврдат, не постои склучен договор со депонијата Дрисла, единствената санитарна депонија за градот. „Дали отпадот се исфрла на диво и се создаваат нови депонии кои директно го загрозуваат здравјето на граѓаните?“, се наведува во реакцијата. Од Комунална хигиена потсетуваат дека редовно ги извршуваат обврските согласно оперативниот план на Советот на Град Скопје, а одлуките ги носи Управниот одбор поставен од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и Вреди.