Денес во Општина Чаир, градоначалникот Висар Ганиу го пречека Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, и неговиот заменик, Ерџан Селими, кои ја посетија општината во рамките на теренските посети “Каде што срцето е дома”. На состанокот присуствуваа и членовите на Општинскиот совет, како и раководители на различни сектори на општината. За време на дискусијата се разгледаа актуелните предизвици, потребите на граѓаните и можностите што ги носат измените во Законот за локална самоуправа. Општина Чаир со својата богата мултиетничка и мултикултурна структура претставува пример за хармонично соживување и заедничко залагање за напредок.
Градоначалникот Ганиу нагласи дека општината ќе продолжи да работи во соработка со Владата и релевантните институции за подобрување на условите за живот на сите граѓани, без оглед на етничката или верската припадност. Ги повикуваме сите граѓани, невладини организации и претставници на заедницата да се приклучат на иницијативата “Каде што срцето е дома”, која ќе се одржи на 25 февруари, во Основното училиште “Исмаил Ќемали”. Целта е преку заедничка дискусија да се придонесе кон понатамошен развој и унапредување на општината.