На средба со жителите на Старо Чаир, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, ги претстави проектите што ќе се реализираат оваа година за подобрување на инфраструктурата и создавање подобри услови за заедницата. Сите проекти се подготвени со техничка документација и имаат обезбедени дозволи за градба.
проекти вклучуваат: • Реконструкција на улицата „Парашкеви Кирјази“ во должина од 354.26 метри. • Реконструкција на улицата „Дервиш Хима“ и сите споредни улици во должина од 687.77 метри. • Реконструкција на улицата „Емин Дураку“ и паркингот во должина од 383.12 метри. • Реконструкција на улицата „Струмичка“ и двете споредни улици во должина од 523.51 метри. Вкупната вредност на овие проекти изнесува 28.6 милиони денари (465,240 евра) и ќе биде финансирана од Владата на Република Северна Македонија во рамките на проектот „250 милиони евра за општините“. Исто така, во завршна фаза е подготовката на техничката документација за целосна реконструкција на Паркот во Чаир, додека општината од својот буџет ќе реализира реконструкција на пешачките патеки и поставување на детски игралишта. Реконструкцијата на салата „Партизан“ веќе започна, а дополнително ќе продолжи и проектот за реконструкција на фудбалското игралиште на стадионот во Чаир, со цел да се создадат подобри услови за развој на спортските активности во оваа зона.
Овие проекти се важен чекор кон побезбеден, модерен и зелен Чаир за сите жители!