Тој порача дека со нетрпение очекува да работат заедно на давањето нов импулс на процесот на пристапување на С Македонија во Европската Унија.
„Честитки за ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за нивната заслужена и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов импулс на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ!“, напиша Орбан на Твитер.