28.8 C
Скопје
17/06/2025 19:25
МАКТЕЛ

   

Ортопедски хирург неосновано тврди дека мРНК вакцините се штетни и дека треба да се суспендираат

      

Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат тромбови, како што се тврди во постот. Светската здравствена организација официјално соопшти дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта. Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести. ЦДЦ, исто така, официјално објави дека случаи на миокардитис и перикардитис многу ретко се пријавуваат по примена вакцина. Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19, не покажуваат ниту поврзаност меѓу вакцините и стапката на канцер. Д-р Малик и претходно во јавноста има изнесувано неточни и непроверени информации во врска со вакцините, дека тие се штетни, дека вакцинираните имаат поголеми изгледи да се заразат со  коронавирус и да бидат хоспитализирани, дека луѓе умираат од вакцините и слично, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук, повикувајќи се на изјава на ортопедскиот хирург д-р Ахмад Малик, посочува дека треба да се испита што се случува со вакцинираните против ковид-19 и повикува да се суспендираат мРНК вакцините. Треба да испитаме што се случува?
Вака вели врвниот доктор/ортопед @MrAhmadKMalik кој повикува на целосно суспендирање на мRNA вакцините за ковид, со оглед на сериозни несакани нус појави од нив ( тромбови, срчеви удари итн итн), и се разбира прикривање на штетите. Да се надеваме дека ке има домино ефект мегу медицинската заедница.. Во краткото видео под постот, д-р Малик вели дека мРНК вакцините треба да се стопираат поради сериозни несакани нуспојави од нив, тромбови, срцеви удари, невролошки заболувања, зголемена стапка на канцер. Но, докторот не дава конкртени податоци и докази за своите тврдења. Тој не нуди медицински докази дека мРНК вакцините ги предизвикуваат сите нарушувања кои ги посочува, ниту пак, нуди некакви податоци од истражувања. Само вели дека вакцините треба да се суспендираат затоа што се многу штетни.

   

Д-р Малик и претходно во јавноста има изнесувано неточни и непроверени информации во врска со вакцините, дека тие се штетни, дека вакцинираните имаат поголеми изгледи да се заразат со коронавирус и да бидат хоспитализирани, дека луѓе умираат од вакцините и слично. Сите овие негови тврдења и претходно се оценети како неосновани и се дебанкирани од страна на независните проверувачите на факти на Фулфакт и Ројтерс. Вакцините не предизвикуваат згрутчување на крвта. Нема докази дека вакцините против ковид-19 предизвикуваат згрутчување на крвта. Вакви случаи на редок несакан ефект наречен тромбоза со синдром на тромбоцитопенија (ТЅЅ), беа пријавени во неколку земји на почетокот на процесот на имунизација против ковид-19 и истите беа поврзувани со вакцината на „АстраЗенека“. Како што објави тогаш Европската агенција за лекови: Само 22 случаи на тромбоза се пријавени меѓу повеќе од три милиони луѓе вакцинирани во зоната што ги вклучува ЕУ, Норвешка и Исланд. И Светската здравствена организација (СЗО) официјално соопшти дека нема потврда дека вакцината предизвикува згрутчување на крвта.

Да, треба да продолжиме да ја користиме вакцината на „Астразенека“, нема причина да ја суспендираме, рече портпаролката на СЗО, Маргарет Харис на прес-конференција во Женева. На веб-страницата на СЗО во врска со ковид вакцините пишува: Вакцините против ковид-19 создаваат заштита од болеста, преку развивање на имунолошки одговор на вирусот САРС-Ков-2. Развивање на имунитет преку вакцинација значи намален ризик за развој на болеста и нејзините последици. Овој имунитет ви помага да се борите против вирусот доколку се изложите. Вакцинирањето, исто така, ги заштитува луѓето околу вас. Антиваксерите и теоретичарите на заговор секогаш ја поврзуваат вакцината на „Фајзер“ со згрутчување на крвта. Но, нема докази дека оваа вакцина предизвикува згрутчувања на крвта и „Вистиномер“ досега има пишувано за тоа.

Не постојат медицински докази дека вакцината на „Фајзер“ ја оштетува крвта. Во „Журналот на автоимуност“, автори на студија од август  2021 година за вакцината на „Фајзер“, наведуваат дека таа не создава тромбови. Овој труд е цитиран во уште седум други трудови, според Националната американска библиотека за медицина. Портпаролот на „Фајзер“ за странски проверувачи на факти, на прашањето дали вакцината против ковид на „Фајзер“ создава згрутчување на крвта, на 4 ноември 2021 година одговара дека нема докази за да се сугерира таквото тврдење. Д-р Шрути Гохил, професор по заразни болести на Mедицинскиот факултет на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин, во изјава за „Политифакт“ истакнува дека „тромбоцитите и другите фактори на коагулација се природно во нашата крв за да ни помогнат да го запреме крварењето кога ќе се повредиме, така што крвта природно се згрутчува многу лесно, освен ако не правите нешто за да не се згрутчи“. Создавањето тромбови не е на листата на сериозни несакани дејства од вакцината на „Фајзер“ која може да се најде на страницата на Центарот за контрола и превенција од болести (ЦДЦ). ФДА и ЦДЦ се одговорни за долготрајни набљудувања на несакани реакции од ковид вакцините.

Вакцините не се поврзани со кардиолошки заболувања „Вистиномер“ и порано пишуваше за ризикот од миокардитис, но дека тој е помал од ризиците од ковид-19 па затоа Центарот за контрола и превенција на болести ја препорачува вакцината. Центарот за контрола и превенција на болести на САД официјално објави дека случаи на миокардитис и перикардитис многу ретко се пријавуваат по примена вакцина. Од април 2021 година во САД има пријавено околу 1.000 случаи на воспаление на срцето – миокардитис и перикардитис, после вакцинација. Според Центарот, овие извештаи се ретки, со оглед на стотиците милиони администрирани вакцини и се пријавени кај адолесценти и млади. Центарот за контрола и превенција на болести продолжува да ги следи овие извештаи со тоа што ги прегледува медицинските досиеја за да дознае што се случило и да разбере дали има каква било врска со ковид-19 вакцинацијата.

Повеќето пациенти кои добиле лекарска грижа, добро одговориле на третманот и веднаш потоа се чувствувале добро, тврдат оттаму. Центарот продолжува да ја препорачува вакцината за сите над 12 години и напоменува дека потенцијалните бенефити од вакцинацијата натежнуваат споредено со ризиците, вклучително и ризикот од миокардитис. Исто така, повеќето пациенти со миокардитис кои добиле грижа, добро одговориле на третманот и се чувствуваат добро. Ако вие или вашето дете сте ја примиле првата доза од Фајзер или Модерна вакцините, важно е да ја примите и втората доза, освен ако докторот не ве посоветува поинаку. Познатите и потенцијални бенефити од вакцината наттежнуваат над познатите и потенцијални ризици, вклучувајќи го ризикот од миокардитис и перикаритис. Исто така, поголемиот број пациенти со миокардитис и перикардитис кои добиле нега, добро одговориле на третманот и се почувствувале добро за кратко време, пишува на официјалната страница на ЦДЦ. Вакцината нема никаква поврзаност со канцерот

Д-р Малик во своето видеоо не нуди никакви конкретни докази ниту за тоа дека мРНК вакцините се поврзани со зголемениот број на канцерни заболувања. Вакцините против ковид-19 и канцерот не се поврзани. Нема зголемување на стапката на канцер во светот откако е почната вакцинацијата, како резултат на самата вакцина. Во земјава и во светот, секаде се препорачува вакцинација против ковид-19 за пациентите со канцер затоа што тие имаат имунокомпромитиран систем. Професорот за биологија на канцер, на Мехари медицинскиот колеџ, Доналд Алцендор за „Ју Ес Еј Тудеј“, вели дека нема основа за тврдењето дека вакцината предизвикува канцер. Податоците од клиничките тестирања и почетокот на вакцинацијата против ковид-19, не покажуваат поврзаност меѓу вакцините и стапката на канцер, според експертите за здравство.

Повеќе од 6 милијарди луѓе имаат примено вакцина против ковид-19 ширум светот и инциденцата за канцер не е поврзана со апликацијата на вакцините, вели Алцендор. И доктор Мајкл Имперале, професор на одделот за микробиологија и имунологија на Универзитетот во Мичиген, вели дека тврдењето дека ковид вакцините може да предизвикаат канцер е невистинито. Ниедна состојка во вакцините не предизвикува канцер и нема докази за да се поврзе канцерот со вакцинацијата, изјави тој. Доктор Марк Шломчик, претседател на Одделот за имунологија на Универзитетот во Питсбург за медицина, вели дека идејата дека вакцините може да предизвикаат канцер се невистинити. Нема практичен начин вакцината да предизвика рак. Ниедна вакцина која било кога сме ја проучувале или е користена за да се превенира инфекција, било кога, била поврзана со канцер, вели тој.

Во сите упатства за користење на вакцините, канцерот не е наведен како несакан ефект. Повеќето луѓе кои се вакцинираат против ковид-19 имаат благи симптоми кои исчезнуваат за еден или два дена. Пациентите со малигни хематолошки заболувања во Северна Македонија имаат и официјални препораки да се вакцинираат, од Клиниката за хематологија. Австралиската организација за канцер исто така препорачува вакцина за имунокомпромитираните пациенти со канцер. Харвард објави студија која откри придобивки од ковид вакцините за пациентите со рак, а истото го покажа и студијата на Стенфорд во декември. Генерално е познато дека од почетокот на вакцинацијата против ковид-19, до денеска, дезинформациите дека вакцината е причинител на многу болести е присутна во антивакциналниот сет на наративи за создавање страв и недоверба во вакциналниот процес. Таков е случајот и со изјавите и ставовите на д-р Малик изнесени во постот што го рецензираме. Поради сето ова постот го оценуваме како невистинит.

   

Најново

Светската банка ја зголеми линијата на сиромаштија на 3 долари дневно

Sase Ivanovski

Мицкоски: Во првиот квартал реализација на автопатиштата е за 4 пати поголема споредбено со лани

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: Финансирањето на енергетската транзиција бара стратешки пристап и заедничка визија

Sase Ivanovski

Средба на спикерот Гаши со претседателот на Азербејџан, Алиев: Заедничка е заложбата за силно партнерство, особено во делот на енергетиката

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Фискалната стратегија е смерница на фискалната политика и води кон намалување на буџетскиот дефицит и економски развој

Sase Ivanovski

Дубаи најавува 4-дневна работна недела и скратено работно време за летниот период

Sase Ivanovski

Мицкоски: Две милијарди денари за инвестиции во образованието

Sase Ivanovski

Џабир Дерала: Сакаат да ме замолчат. Јас сè уште зборувам

Sase Ivanovski

ЗАВРШИ ПАРЛАМЕНТАРНАТА РАСПРАВА ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК Левица и Европскиот фронт нема да ги гласаат

Sase Ivanovski

ПЕКОЛОТ И СУШАТА ЌЕ БИДАТ ВО ЈУЛИ Метеоролозите ги објавија долгорочните прогнози за ова лето

Sase Ivanovski

НАЈМОДЕРНОТО ОРУЖЈЕ СЀ УШТЕ НЕ ДОШЛО НА РЕД Иран најскоро ќе претстави нови иновации на бојното поле

Sase Ivanovski

За Кина Трамп „долева масло на огнот“ меѓу Израел и Иран

Sase Ivanovski

УСЕИН БОЛТ СТАНУВА АМБАСАДОР НА ЕХРО 2027 ВО БЕЛГРАД Вучиќ најавува најголем светски настан со учество на 135 земји

Sase Ivanovski

Во Израел 154 лица се хоспитализирани од синоќа

Sase Ivanovski

Трамп: Не сакам да видам прекин на огнот меѓу Иран и Израел, сакам да видам „вистински крај“

Sase Ivanovski

ЕДНО Е ЛИЧНОТО ДОЖИВУВАЊЕ НА РАДЕВ И НА БУГАРИЈА, ДРУГО Е РЕАЛНОСТА Сиљановска-Давкова бара и за Македонија да важат истите правила како за сите

Sase Ivanovski

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа оставивме позитивен пример на Балканот, Европа и светот

Sase Ivanovski

ИРАН НЕ Е МЕСЕЦИ, ТУКУ ГОДИНИ ДАЛЕКУ ОД АТОМСКА БОМБА Американските разузнавачи ги негираат тврдењата на Израел дека Техеран е итна нуклеарна закана

Sase Ivanovski

ПРВО МИР ВО УКРАИНА, ПА ПОСРЕДУВАЈТЕ НА ИСТОК Француски шамар за Кремљ

Sase Ivanovski

Скопјанец осомничен за телесна повреда при семејно насилство – ja тепал со тупаници и ја гризел мајка му

Sase Ivanovski

Отворена е првата Национална младинска летна школа за социјална инклузија

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Обезбедени се 50 милиони денари за новите средношколци во дуално образование

Sase Ivanovski

Почина Владимир Лапе – доајен на македонското новинарство

Sase Ivanovski

Ја следел и вознемирувал сосетката, го пријавила во полиција

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ не е суд, како што беше СДС во нивно време, правдата доаѓа од обвинителите кои тие ги поставија

Sase Ivanovski

Поранешниот премиер Франсоа Фијон осуден на 4 години затвор со условна казна

Sase Ivanovski

Презентиран Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2025 година

Sase Ivanovski

Советот на Европа ја објави анализата на Данела Арсовска на насловната страна на најновиот извештај на ГРУПАТА НА ДРЖАВИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА ГРЕКО Трендови, предизвици и добри практики во борбата против корупцијата во Европа и Соединетите Американски Држави

Sase Ivanovski

Пренџов: Обединетото Кралство има најниска каматна стапка и најдобар кредитен рејтинг, договорот е јавен и транспарентен 

Sase Ivanovski

Курти по изјавата на Трамп: Треба да се изврши притисок врз Белград

Sase Ivanovski

Ирански медиуми: Иран уништи уште еден израелски ловец Ф-35, ИДФ демантира

Sase Ivanovski

Родовa еднаквост, пристап до финансии и идни вештини во фокусот на EqualXChange 2025

Sase Ivanovski

Личниот круг на Хамнеи станува сè потесен, неговиот син полека добива на моќ

Sase Ivanovski

Директорот на БЈБ, Александар Јанев присуствуваше на вежбовни активности на САЕ Тигар кои се дел од заедничката обука со армискиот баталјон „Волци“ и специјалните сили на армијата на САД

Sase Ivanovski

Црвениот крст изврши последна исплата на финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Демaскирањето на Маск

Sase Ivanovski

Шпанците се борат против прекумерниот туризам, ама сè повеќе нудат краткорочни изнајмувања

Sase Ivanovski

Како Трамп ја поткопува меката моќ на САД

Sase Ivanovski

Герасимовски: Имаме најдобри услови во градинките во Центар, инвестираме во учење и развој

Sase Ivanovski

Македонско-грчката историска комисија – „државна тајна“ за македонската јавност!

Sase Ivanovski

Пакистан ги затвори сите гранични премини со соседен Иран

Sase Ivanovski

Инцидент во Шпанија: Двегодишно девојче почина од струен удар на панаѓур, три деца се хоспитализирани

Sase Ivanovski

Шкендија против велшкиот ТНС во првото квалификациско коло за ЛШ

Sase Ivanovski

Брза пруга

Sase Ivanovski

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Директно со Градоначалникот на Oпштина Илинден – Александар Георгиевски

Sase Ivanovski

Моралната одговорност не се мери на избори

Sase Ivanovski

Иран „гледа“ шпиони насекаде: Лица со маски, капи и очила за сонце на нишан на властите

Sase Ivanovski

БРАВО! Герасимовски: Ниту еден општински денар за кафеани и патувања – парите одат за семејства во социјален ризик

Sase Ivanovski

Работното место не е кафеана, сè повеќе газди посегаат по тестови за алкохол

Sase Ivanovski

Трамп: Рокот за апликацијата TикТок најверојатно повторно ќе биде продолжен

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова распали среде Тирана: Шокантно е луѓе кои со векови се декларирале на овие простори како Македонци и во добро и во зло, сега да ја сменат определбата под притисок на економските потреби

Sase Ivanovski

Ракетните напади на Иран врз Израел стануваат сè поскапи и неодржливи

Sase Ivanovski

Злато за Елена Петрова: Македонската велосипедистка доминираше на Гран Фондо 2025 во Нови Сад!

Sase Ivanovski

Уапсен велешанецот кој со метален предмет удрил по глава 8-годишно девојче и онесвестено го влечел по улица

Sase Ivanovski

Два танкери се судрија и се запалија во близина на ОАЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Очекувам од бугарските евро пратеници да ги повлечат амандманите за ЕУ извештајот за Македонија во кои бараат македонскиот идентитет да се дефинира како сегашен

Sase Ivanovski

Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Инвестираме 100 милиони евра во Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Решен е проблемот со карпата која висеше над делницата Фариш – Дреново од експресниот пат Прилеп – Градско, на крајот на месецов ја пуштаме во употреба и таа делница

Sase Ivanovski

МАРЈАН ИЛИЕВСКИ НОВ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА Нов четиригодишен проект за македонската кошарка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Не сум задоволен со брзината со која се гради клучката на влезот во Битола

Sase Ivanovski

СИНОТ НА СОРОС СЕ ОЖЕНИ СО СОВЕТНИЧКА НА ХИЛАРИ КЛИНТОН Наместо подароци, двојката ги замолила гостите да донираат

Sase Ivanovski

ДОКТОРОТ ЈА ПРИЗНА ВИНАТА ЗА СМРТТА НА МЕТЈУ ПЕРИ Му дал фатална доза лекови и го убил

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: На 10-ти јули летово ќе пуштиме во употреба 40 километри од автопатот Кичево – Охрид, остатокот ќе се заврши до крајот на идната година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Автопатиштата кои ги гради Бехтел и Енка, поточно Битола – Прилеп, Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево брзо напредуваат, секаде има отворен фронт и се гради брзо

Sase Ivanovski

ПЛАТИВМЕ НАВРЕМЕ 50 МИЛИОНИ ЕВРА, ВРАТЕТЕ НИ ГИ БРЗО! Бизнис заедницата си ги бара парите од укинатиот солидарен данок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Дебакл на економските политики на власта – Македонија на дното на Европа!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Вистината за Кочани – ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс?

Sase Ivanovski

Експлозии во централниот и северниот дел на Техеран, во нападот уништен штабот за вонредни ситуации на иранската војска

Sase Ivanovski

Пивоваров: МВР не треба да го довери системот за пасоши и лични карти на надворешна фирма, туку на својот силен кадар, а за минатото да лоцира одговорност

Sase Ivanovski

Данела распали по скопските градоначалници, му дојде редот и на Орце: Одговори им на скопјани зошто се криеш и лажеш за надлежностите за УСЈЕ кое го загадува Скопје?

Sase Ivanovski

МФ достави барање до 22 меѓународни финансиски институции и банки за пројавување интерес за финансирање на брзата пруга

Sase Ivanovski

„Мајката на сите бомби“ подготвена за Иран: Дали САД ќе му помогнат на Израел да ја уништи непробојната нуклеарна тврдина Фордо?

Sase Ivanovski

Багеји: Парламентот на Иран подготвува закон за напуштање на Договорот за неширење на нуклеарно оружје

Sase Ivanovski

ВИСТИНОМЕР: Сопругот на Татјана Димитровска не бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Уважена жалбата на Мојсоска, Владата има рок од 15 дена да ги достави патните трошоци и кириите на пратениците

Sase Ivanovski

Претседателот на „Иван Михајлов“ се сретна со бугарскиот министер за надворешни, Георгиев: За мене е чест да бидам суден како Бугарин кој ја брани бугарштината во Македонија

Sase Ivanovski

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, громови и појава на град!

Sase Ivanovski

Радев: Против Љубчо Георгиевски се покренува ново, уште поапсурдно обвинение

Sase Ivanovski
Вчитувам....