Директорот Митко Димовски беше многу почитуван меѓу учениците, професорите и целиот стручен кадар во училиштето. Училиштето доби сосем нова културна димензија со неговиот мандат кој, инаку, не истекува дури до 2026 година и гимназијата во неговото време на управување со училиштето, се покажа како една од најконкурентните и најквалитетни во државата, велат учениците. „Да ги задржиме добрите луѓе на места каде што позитивно влијаат“, „Орцаши против неправда“, „Ние не сме ничии марионети“, беа само дел од транспарентите со кои денеска, пред бараките на град Скопје, десетици ученици од гимназијата „Орце Николов“, се побунија против одлуката на градските власти да биде разрешен директорот на училиштето, Митко Димовски, чиј мандат регуларно требаше да истече во 2026 година. Стоејќи на дожд, многумина од нив расплакани и вознемирени, на протестен марш си го побараа директорот назад. „Ова е неправда!“, „Нема Митко, нема мир!“, „Транспарентност!“, извикуваа учениците, откако го поднесоа официјалното барање до град Скопје, за повлекување на решението за разрешување на директорот.
„Директорот беше многу почитуван меѓу учениците, професорите и целиот стручен кадар во училиштето. Училиштето доби сосем нова културна димензија со неговиот мандат кој, инаку, не истекува дури до 2026 година и гимназијата во неговото време на управување со училиштето, се покажа како една од најконкурентните и најквалитетни во државата. Директорот беше разрешен на многу нетранспарентен начин, без никакво изложување на причините за одлуката на соодветните институции, и тоа, во период на интензивна подготовка на активностите планирани за патроните недели на училиштето“, наведено е во петицијата, која досега ја потпишале 720 ученици од „Орце Николов“. Мета.мк побара одговор од град Скопје за ваквата одлука. Оттаму се повикуваат на конснтатирана состојба од Државниот просветен инспекторат (ДПИ), согласно која, во огласот за избор на директор од септември 2022 година, „погрешно било применето материјалното право при изработка и објава на јавниот оглас“.
„На 26 и на 27 февруари, овластен просветен инспектор изврши вонреден инспекциски надзор во „Орце Николов“, во однос на спроведувањето на постапката за избор на директор на училиштето. За констатираната фактичка состојба од непосредно извршениот вонреден инспекциски надзор, нотирано е дека согласно увидот во списите кои се предмет на инспекцискиот надзор се констатира и утврдува дека „Орце Николов“ спротивно на законските и подзаконските нормативно – правни акти ја спровело постапката за избор на директор на училиштето, односно била направена суштествена повреда на постапката од страна на Училишниот одбор на гимназијата „Орце Николов“ – Скопје и погрешно било применето материјалното право при изработката и објавувањето на јавниот оглас“, наведено е во одговорот на град Скопје за Мета.мк. Меѓу другото, оттаму наведуваат дека во објавениот јавен оглас било наведено дека кандидатот требало да ги исполнува условите за наставник, педагог или психолог во средно училиште, но во документацијата не било побарано доказ за истото, освен диплома/уверение за завршено високо образование и уверение за државјанство, а училиштето не ги побарало и останатите услови предвидени во член 3, став (1) и член 39, став (1) од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта. Јана Николовска, претседателката на ученичката заедница при гимназијата, кажа дека очекува позитивно да биде одговорено на барањето за поништување на одлуката Димовски да биде разрешен. Засега е неизвесно дали учениците повторно ќе се организираат и ќе протестираат.
View this post on Instagram
Извор: Новинска агенција МЕТА