Заедно со претходно доставените шест, аплициравме со вкупно 16 проекти кои се од суштинско значење за развојот на нашата општина и подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните, а во завршна фаза на подготовка се уште неколку кои ќе ги поднесеме до крајно зададениот рок.
Секоја апликација што ја подготвивме е резултат на темелна анализа на реалните потреби на терен, разговори со граѓаните, стручни проценки и визија за иднината. Аплицираме за изградба и реконструкција на улици кои со децении беа заборавени, за нови градинки, за подобрување на образовната инфраструктура, како и за уредување на јавни простори што ќе ја направат нашата општина поубаво и побезбедно место за живеење.
Оваа поддршка што ја нуди Владата е мошне значајна бидејќи освен финансискиот момент, претставува и мотивација за сите нас, на локално ниво, да продолжиме да работиме со уште поголема посветеност и визија. Убеден сум дека поднесените проекти ќе бидат препознаени како квалитетни и издржани и дека Општина Кисела Вода ќе добие реална можност да ги реализира и овие инфраструктурни зафати кои ќе донесат видливи и конкретни резултати за граѓаните. Дополнително, во подготовка е документацијата за уште неколку капитални проекти чија реализација ќе значи траен белег врз урбаниот развој на Кисела Вода.

Основен проект за спортска сала (затворено спортско игралиште) – подрачно Основно училиште „Круме Кепески“ – Припор, Основен проект за реконструкција на Атмосферски канал (Црн Канал) од ул. ,,Малешевска 1” до ,,Мала Рада” во КО Драчево 2, општина Кисела Вода. Претходно општината веќе аплицираше и за следните 6 проекти: Основен проект за Реконструкција на линиски објект – дел од локален пат од мост Драчево до Охис на територија на општина Кисела Вода; Основен проект за реконструкција на улица ,,Киро Фетак” во дел кај мостот; Основен проект за доградба на ООУ ,,Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје и Основен проект за доградба на ООУ ,,Невена Георгиева – Дуња“, општина Кисела Вода – Скопје (втор дел – адаптација и новопланиран партер); Новопроектирана „Улица 2“ и паркинг простор во КО Кисела Вода 1 (позади ООУ ,,Кузман Јосифовски Питу”) на територија на Општина Кисела Вода; Основен проект за Реконструкција на ул. ,,Томе Арсовски” во ДУП за локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода и Основен проект за Реконструкција на ул. ,,Фредерик Шопен” во ДУП локалитет Бирарија на територија на општина Кисела Вода.