🫡 Работа и само работа, а не празни флоскули е она што нас нѐ одликува, а кога се работи чесно за народот, резултатите се очигледни.
🙃 За тоа, најмногу зборуваат делата.
📢 Чест ми е да ве информирам, почитувани мои, дека после поставувањето на фекална мрежа со што решивме децениски проблем, започнуваме со решавање на уште еден најгорлив – а тоа е овие населени места да добијат чиста вода за пиење, после половина век.
💧Се работи за поставување на водоводна мрежа од околу 6 километри, во кој проект учествува Министерството за животна средина преку Европската инвестициона банка во првата фаза, додека општина Кисела Вода со свои средства ја реализира втората фаза.
Согласно динамиката на работа во реализацијата на проектот, ќе се изгради пумпна станица и потисен цевовод до резервоар, како и главен цевовод низ населбата.
✅ Ова исто така значи дека и по завршувањето на градежните активности, го затвораме поглавјето со подземна инфраструктура и конечно, после 50 години, Стаклара ќе биде последното место без соодветно водоснабдување.
🏘️ Потоа, следува и асфалтирање на сите улици, со што Стаклара од една заборавена населба ќе стане уште една гордост на Кисела Вода.
♥️ Сакам да се заблагодарам на премиерот Hristijan Mickoski за неговите заложби за единиците на локалната самоуправа и неговиот напор за поразвиени општини.
💪 Како никогаш во минатото, оваа Влада докажа и покажа дека граѓаните се на прво место!
🔛 Продолжуваме понатаму!
#НајдобротоДопрваДоаѓа