Да се штитат граѓаните и да ѝ се служи на сопствената татковина е огромна чест.
Да се извршува оваа задача професионално и пожртвувано е херојство, а вие, секој ден ни докажувате дека сте токму тоа – наши херои. Во периодите на криза, како и во сите тешки моменти кои сме ги минале, вие докажавте дека ја заслужувате нашата најдлабока почит. Многумина полициски службеници за својата љубов и лојалност кон #Македонија
и граѓаните ги жртвуваа и не ги штедеа ниту сопствените животи.

Денес, да си спомнеме и за припадниците на македонската полиција кои го положија животот пред олтарот на Македонија, во нејзина одбрана и за наша слобода. Тие се запишани со златни букви во македонската историја и таму ќе останат засекогаш. Вие сте гордост и за вашите семејства и за сите нас! Да живее Република Македонија! 
