Секоја помината секунда со семејството е посебно важна и бесценета. Луѓето кои се околу вас, кои ве поддржуваат во секоја одлука и ви велат храбро да продолжите напред дури и кога знаат дека можеби грешите, оние со кои заедно се смеете на убавите работи, тагувате на лошите, оние кои бескрајно ги сакате и покрај сите проблеми и несогласувања – тие се вашето семејство за кое сте спремни да се борите со сите сили да го заштитите и да го направите среќно. Среќно семејство, она кое живее во хармонија, во кое има позитивна комуникација се рефлектира на нашите, вашите деца и токму тоа им го трасира патот кон иднината и ги гради како личности.
Вредностите кои им ги пренесуваме се клучни за понатамошниот живот на нашите деца. Затоа, секогаш да имаме добра мисла и разбирање, спокој и што повеќе убави моменти, бидејќи сплотено семејство е олицетворение на нашата љубов која нѐ топли дури и кога ни е најладно. Тоа е чадор кој нѐ заштитува дури има силни бури. Нека е честит Меѓународниот ден на семејство! Бидете здрави, живи и секогаш среќни! ,,Што можете да направите за мир во светот? Одете дома и сакајте го своето семејство!” – Мајка Тереза