


Денес, остварив средба со шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Едвард Андерсон, кој беше придружуван од дел од својот тим. Средбата се одржа во духот на заемна соработка и отворање на нови можности за партнерство во насока на унапредување на безбедноста и стабилноста на локално ниво. Андерсон изрази задоволство од досегашните активности на Општина Кисела Вода, посебно нагласувајќи ги заложбите за формирањето и успешното функционирање на Локалниот совет за превенција во општина Кисела Вода.
Тој оцени дека овој пример е добар модел за останатите општини во државата и дека истиот заслужува да биде промовиран на национално ниво. Во рамки на разговорот, беа разгледани конкретни можности за заедничка соработка помеѓу Мисијата на ОБСЕ и Општина Кисела Вода, но и преку ЗЕЛС и со другите единици на локалната самоуправа, со цел јакнење на Локалните совети за превенција и зголемување на нивната ефикасност. Создавањето и одржувањето на функционални Локални совети за превенција е клучен елемент во градењето безбедни и стабилни заедници.
Преку овие совети, локалната самоуправа активно учествува во превенцијата, рано препознавање на ризиците и навремена координација со сите релевантни институции. Затоа, ЗЕЛС силно го иницираше и го поддржува процесот на законски измени кои ќе обезбедат јасни ингеренции и дополнителни алатки за градоначалниците во оваа насока. За нас, партнерството со меѓународните организации, како што е ОБСЕ, претставува значајна