Најдоброто допрва доаѓа!
Денес, заедно со колегата градоначалник на Општина Чаир, Висар Ганиу, бевме во посета на Шуто Оризари.
Бевме да ги слушнеме проблемите на граѓаните, се сретнавме со нив и разговаравме за она што им е најпотребно.
Остваривме средба и со градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, како и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина Ерџан Демир, при што ни беше презентирано и неговото работење и проекти кои се преземени во неговиот мандат до сега.
Како Претседател на ЗЕЛС бев запознаен со проблемите на Општина Шуто Оризари и нејзините граѓани, но и дадов потстрек и поддршка за ефикасна подготовка на проекти од општината со цел целосно и ефикасно користење на средствата од Владата за инфраструктурни проекти.
На Чаир и Шутка им е потребно да се направи ново поврзување со што значително би се растеретил и олеснил сообраќајот, тоа беше една од поглавните теми на оваа наша средба.
Потребно е и проширување на булеварот ,,Македонска-косовска бригада”.
Во Шуто Оризари, потребен е и нов културен центар, каде што Градот би помогнал со издвојување на средства од програмата за култура за кој веќе има одредена локација, довршување на партерното уредување на спортстката сала како и уште многу проекти кои, со поддршка новата градска администрација ќе бидат реалност.
Луѓето од левата страна на Скопје имаат сериозни проблеми и предизвици.
Во мене тие секогаш ќе најдат поддршка и подготвеност за помош.
Скопје повторно ќе биде горд град!